Народна банка објави уште еден од серијалот на текстови „Економија за секого“, овојпат за преддоговорните информации при одобрување на потрошувачки кредит.

„Тие треба да обезбедат увид во договорните обврски коишто му претстојат на клиентот со склучување на договорот за кредит. Воедно, тие овозможуваат клиентот да има целосна претстава за идниот долг, со сите негови составни елементи“, се вели меѓудругото во текстот.

Имено, „Економија за секого“ содржи текстови коишто накратко обработуваат значајни прашања од доменот на работењето на централната банка, работењето на деловните банки и макроекономијата.

„Преку едноставен и разбирлив начин, се обидуваме подобро да ги објасниме соодветните теми, за да бидат појасни за широката јавност, што би придонесло за подигнување на финансиската едукација на населението“, велат од Народна банка.