fbpx

Народна банка: Реалната стапка на годишен економски раст изнесува 3,6 проценти

-

Според објавените проценети податоци за домашниот бруто-производ БДП, економската активност растеше и во третиот квартал од годината, било заклучено на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.

„Реалната стапка на годишен раст изнесува 3,6 проценти, а остварувањата засега се во рамки на очекувањата. Во однос на факторите на раст на економијата, позитивен придонес има домашната побарувачка, при натамошен раст на личната и јавната потрошувачка и на бруто-инвестициите, додека нето-извозот има негативен придонес. Растот на економијата во првите три квартали од годината изнесува 3,6 проценти и е во согласност со проекциите за овој период од годината“, велат од Народна банка.

Од таму проценуваат дека зголемена економска активност има и во четвртиот квартал. Остварената просечна годишна стапка на инфлација за периодот јануари-ноември изнесува 0,8 проценти и е малку под очекуваната инфлација од еден процент за 2019 година.

„Неизвесноста околу движењата на цените на примарните производи на светските берзи и натаму е главниот фактор на ризик за проекцијата на домашната инфлација за следниот период“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Откриен еден од осомничените за тешка кражба на сеф во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник, осомничен за кражба на сеф во Црниче. Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во...