fbpx

Народна банка оценува дека движења во економијата се поволни

-

Поволните поместувања во економијата се забележани во периодот април – мај годинава, видливи преку забрзаниот раст на трговијата и продолжување на растот на индустријата, велат од Народна банка.

-Тековно расположливите високофреквентни податоци за периодот април-мај 2019 година главно упатуваат на продолжување на поволните поместувања во економијата, видливи преку забрзаниот раст на трговијата и продолжување на растот на индустријата. Ова, дополнето со стапка на раст на економската активност во првиот квартал 2019 година од 4,1 отсто, блиска до проектираната, соодветствува со очекувањата за солиден економски раст во 2019 година – велат од Народна банка.

Просечната годишна инфлација, како што e наведено, во првата половина од годината изнесува 1,2 отсто, со што останува во зоната на умерени промени, девизните резерви и натаму се во сигурна зона.

– Податоците за второто тримесечје на оваа година укажуваат на раст на резервите во однос на крајот на првиот квартал, што главно се должи на интервенциите на девизниот пазар од страна на Народната банка со откуп на девизи – наведуваат од Народната банка.

На годишна основа, во мај, вкупните депозити се повисоки за 10,7 отсто, а вкупните кредити за 8,3 отсто.

Најновите податоци упатуваат на забавување на стапката на раст на глобалната економија во првата половина од оваа година, при што дел од меѓународните организации извршија надолни ревизии на проекциите за глобалниот економски раст. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...