fbpx

Народна банка очекува поволни движења во економијата при пораст на индустријата

-

Проценетите официјални податоци за домашниот бруто-производ (БДП) за четвртото тримесечје од минатата година покажуваат солиден економски раст од 3,7 проценти, на годишна основа, кој што е повисок од очекуваниот со октомвриските проекции, инфромираат од Народна банка.

„Од аспект на структурата на растот, подобрите остварувања главно се објаснуваат со повисокиот раст на личната и јавната потрошувачка во однос на очекувањата од проекциите. Согласно со очекувањата, бруто-инвестициите исто така остварија раст, нешто помал од проектираниот. Гледано за целата 2018 година, реалниот раст на економијата изнесува 2,7 процентии е повисок од очекуваниот со октомвриските проекции од 2,3 процнети. За првиот квартал на оваа година, во услови на ограничен обем на расположливи податоци, тешко може да се даде попрецизна оцена за состојбата во економијата. Сепак, достапните податоци упатуваат на натамошни поволни движења во економијата, при забрзан раст на активноста во индустријата и натамошен раст на прометот во трговијата“, се вели во соопштението на Народна банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...