fbpx

Народна банка и ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка

-

Народната банка на Северна Македонија, НБРМ, денеска донесе одлука за одземање на дозволата на Еуростандард банка, постапувајќи според Законот за банки, и во текот на утрешниот ден најави дека ќе достави до надлежниот суд предлог за отворање на стечајна постапка.

„Еуростандард банка не ги исполни минималните услови за работа. Сите депозити, на 99,4 отсто од депонентите, ќе им бидат исплатени во законските рокови, според условите на Фондот за осигурување на депозитите, во најкус рок“, соопшти гувернерката Анита Бежоска Ангеловска попладнево, на вонредна прес-конференција.

Учеството на банкарската актива на Еуростандард банката, во вкупната банкарска актива на земјава, изнесува од 1,3 до 1,7 отсто од вкупните депозити и кредити и поради тоа, според Бежоска, нема да се доведе во прашање стабилноста на банкарскиот систем на земјава кој останува стабилен и високо капитализиран.
Изминатиот период Еуростандард била под засилен супервизорски надзор на НБРМ која често донесуваше мерки за намалување на ризиците, особено за кредитниот ризик.

„Имаше строги кредитни ограничувања, а клучните проблеми се одраз на слабости од изминатиот период, не на тековните состојби“, рече Бежовска.

Наспроти ваквата одлука на НБРМ, попладнево Еуростандард банка АД Скопје објави соопштение во кое стоеше дека: „Се пласираат лажни информации кои се однесуваат на функционалноста на редовното работење на банката, а кои директно се на штета на самата банка и нејзините клиенти. Еуростандард банка најостро ги демантира овие невистини кои можат да имаат далекусежни последици кон банката и кон банкарскиот сектор како целина“. Потенцираа дека продолжуваат со своето редовно работење, според сите законски регулативи за финансиско известување и за управување со ризиците од работењето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...