Народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во салата „Борис Трајковски“

-

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска во 15 часот, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе одржи голем народен собир, најави Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на нивната страница на „Фејсбук“.

„ВМРО-ДПМНЕ порачува: време е за крај на политичката криза. Време е за крај на деструкциите, конфликтите, поигрувањето со чуствата на луѓето, крај за штетите на угледот на државата. Без оглед на желбите и сценаријата на нашите опоненти, ние секогаш сме се одликувале со поинаква свест од нив, поинакво чуство на одговорност кон граѓаните и кон државата затоа што за нас секогаш интересите на Македонија биле и се пред сите други. На Македонија ѝ требаш сега“, се вели во најавата на „Фејсбук“.

Изминатите два дена, ВМРО-ДПМНЕ во Македонската опера и балет организираше трибини, собири и партиски настани, а на денешниот собир свое обраќање се очекува да има и лидерот на партијата, Никола Груевски.

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање на Владата...

ЕУ и НАТО не се мешаат во изборите во Романија и Германија

Претседателските избори во Романија не беа откажани од страна на НАТО и ЕУ како што невистинито се тврди во објавата, туку беа откажани од страна на Уставниот суд на Романија. Причините...

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 предлог на закони по скратена постапка, наспроти 79 во редовна постапка. Иако е периодот краток и...

Измама: НЛБ банка не подарува дупли износи

На официјалната Фејсбук страница на НЛБ банка која има повеќе од 80 илјади следбеници, објавено е известување за оваа измамничка објава, пренесува Вистиномер.   Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:  ГИ ДУБЛИРАМЕ ИЗНОСИТЕ ЗА...

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање...