Портпаролот на катарското министерство за надворешни работи, Маџед ал-Ансари, изјави дека преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците меѓу Израел и Хамас се „во завршна фаза“, но предупреди дека луѓето „не треба да бидат претерано возбудени“, пишува Гардијан.
„Многу е важно да не се подигнат очекувањата на ниво што не се поврзува со она што се случува на теренот во моментов,“ изјави тој во Доха за време на двојазична прес-конференција
„Ние веруваме дека сме во последната фаза. Но, очигледно, додека нема најава не треба да бидеме претерано возбудени за она што се случува во моментов“.
Ал-Ансари им се заблагодари на претставниците и на администрацијата на Бајден и на претстојната администрација на Трамп од САД кои учествуваат во разговорите и рече дека состаноците што се одржале во Доха биле продуктивни.
Асошиејтед прес објави дека виделe копија од нацрт-договорот меѓу Израел и Хамас за договор за прекин на огнот и ослободување заложници, и дека официјални лица од Египет и Хамас ја потврдиле неговата автентичност под услов да останат анонимни.
Новинската агенција велу дека договрот е составен од 3 фази. Првата фаза, која ќе трае 42 дена, ќе доведе до постепено ослободување на 33 од преостанатите заложници, а израелските сили ќе се повлечат од населените центри во Газа , заедно со „напливот“ на хуманитарна помош.
Преговорите за втората фаза ќе се одржат во овој период, со цел ослободување на сите преостанати машки заробеници и „целосно повлекување“ на израелските сили од Газа.
Третата фаза ќе значи враќање на телата на заложниците убиени во Газа од нивното киднапирање на 7 октомври 2023 година и поставување на план за обнова и нова управна структура за Газа.