fbpx

Направен првиот чекор кон формирање на привремена Државна изборна комисија

-

Со прифаќањето по скратена постапка да се донесе предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, 86 пратеници и од владејачката коалиција и од опозицијата, денеска ја почнаа постапката за нов состав на Државната изборна комисија (ДИК), кој ќе има мандат од шест месеци. Во него не се предвидуваат експерти, туку само партиски делегирани членови.

Предлог-законот беше предложен од координаторите на пратеничките групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Тунтев, Драган Данев и од координаторите на пратеничките групи на ДУИ и БЕСА. Образлагајќи ја потребата да се донесе законот по скратена постапка, Тунтев рече дека тој е изготвен во договор и на власта и на опозицијата, со цел да се овозможи изјаснување на граѓаните.

– Сите сме сведоци дека од објективни причини ДИК во моментов не постои, а е неопходно да се најде начин ДИК да биде што поскоро ставена во функција. Надлежностите на ДИК не се само за изборни циклуси, туку и со други начини за изјаснување на граѓаните. Со опозцијата најдовме заеднички јазик за преодно решение до есен, кога ќе се случат големи измени, со пакет закони од изборното законодавство – рече Тунтев.

Тој рече дека измените што заеднички ги доставуваат двете спротивставени страни е шестмесечен мандат за седум члена на ДИК, при што потпретседателот на ДИК и три члена ќе ги предлага власта, а претседателот и два члена опозицијата.

Откако пратениците го прифатија предлогот, претседателот на Собранието, Талат Џафери го пушти законот на комисиска расправа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...