fbpx

Нападнат поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески

-

Во отсуство на официјална информација од раководството на Секторот за внатрешни работи во Охрид, и понатаму кружат многу шпекулации и полувистини околу вчерашниот инцидент, во кој полесно е повреден поранешниот градоначлник на Охрид, Александар Петрески.

Инцидентот се случил вчера попладне во канцеларијата на сопственикот на агенцијата за недвижности „Тримлум“, стружанецот Менди Ќура. Со него бил Александар Петрески кога во канцеларијата влегло лицето Оливер Смически, од охридското село Лескоец, поранешен сопственик на кафуле и на продажни салони за мебел во Охрид.

Не се знае дали Смически влетал да се пресмета со поранешниот градоначалник Петрески или, пак, со бизнисменот Ќура, но подебелиот крај го извлекол Петрески, кој добил удар со стаклена ваза и расеченици на главата, по што завршил во Општата болница во Охрид.

Во настанот учествувало уште едно лице, кое медиумите го претставуваат како телохранител на Петрески. Напаѓачот Смически извадил и репетирал пиштол и се заканил дека ќе пука. Присутните му го одзеле пиштолот, со што спречен е инцидент со потешки последици. По инцидентот повикана била и полицијата, кај која завршил и пиштолот на Смически, кој наводно легално го поседувал. Смически и понатаму е во бегство и недостапен за полицијата.

Инцидентот го потврдуваат и од локалната полиција, без да прецизираат за што, всушност, станува збор. За денеска најавија официјално соопштение, меѓутоа сè уште ништо не е објавено. Единствено се знае дека полицијата брзо пристигнала на местото на настанот, каде извршила увид во присуство на јавен обвинител.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...