Напад со нож во основно училиште во Загреб – едно дете загина, пет лица се во болница

Настанот се случил околу 9 часот и 50 минути, кога насилникот влегол во просториите на училиштето и со остар предмет нападнал наставничка и ученици. По нападот, 19-годишникот се обидел да се повреди самиот

-

Деветнаесетгодишно момче утрово со остар предмет повредил една наставничка и неколку ученици во основното училиште „Пречко“ во Загреб. Едно дете им подлегнало на повредите, додека во болница се уште пет лица, од кои три деца, јави хрватскиот сервис на „Н1“.

Настанот се случил околу 9 часот и 50 минути, кога насилникот влегол во просториите на училиштето и со остар предмет нападнал наставничка и ученици. По нападот, 19-годишникот се обидел да се повреди самиот.

Министерката за здравство на Хрватска, Ирена Хрстиќ, изјави дека е згрозена од нападот во „Пречко“, во кој, како што наведе, загинало седумгодишно дете. Таа изрази сочувство до семејството на починатото дете, а за повредените рече дека се пренесени во болница и во овој момент се надвор од животна опасност.

Меѓу повредените во болница се наставничката, напаѓачот и три деца.

Хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, рече дека според досега прибраните податоци, сторителот порано бил ученик во истото училиште и живеел во негова близина.

„Н1“ ја пренесува изјавата и на министерот за образование и наука на Хрватска, Радован Фучс, според кој 19-годишниот напаѓач имал медицинска историја, што значи дека не станува збор за терористички чин.

ИзворН1.хр

Државниот врв со честитки за Денот на просветителите Св. Кирил и Методиј

Денескa Македонија го слави Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј. По тој повод политичарите испратија јавни честитки, во кои нагласуваат дека преку нивната посветеност и визија, светите браќа го...

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите, информира Јавното обвинителство. Како што објаснуваат...

Два случаја на мајмунски сипаници, не значи дека во најава е некаква пандемија

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на 22 мај информираше дека во земјава се потврдени првите два случаја на мајмунски сипаници. Двата пациенти суспектни на мајмунски сипаници, од Клиниката за кожни болести,...

„Правфонд“ финансирал руска пропаганда во Европа и на Балканот, открива меѓународно истражување

Сѐ во врска со новинарското истражување почнало кога на данското национално радио „ДР“ му пристапил доверлив извор и му предал 49 илјади мејл пораки и повеќе од 22 илјади документи што...

Државниот врв со честитки за Денот на просветителите Св. Кирил и Методиј

Денескa Македонија го слави Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј. По тој повод политичарите испратија јавни честитки, во кои нагласуваат дека преку нивната посветеност и визија, светите...