fbpx

Наместо пет, шест години затвор за возачот што ја прегази новинарката кај ТЦ „Зебра“

-

Апелацискиот суд Скопје со одлука донесена на 12 ноември, ја потврдил пресудата на првостепениот суд за сообраќајката во која животот го загуби новинарката Сузана Тодровоска-Павловска и ја зголемил казната на осудениот Бојан Блажевски, кој наместо пет, сега, според пресудата на Апелација, ќе треба да одлежи шестгодишна затворска казна, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1.

„За сообраќајната несреќа во која животот го загуби едно лице, обвинетиот со пресуда на овој суд од 3 септември, оваа година е осуден на пет години затвор, а со второстепената пресуда, Апелацискиот суд, жалбата на обвинетиот ја одбил како неоснована, а жалбата на Основно јавно обвинителство – Скопје ја уважил со што казната се зголемува на шест години затвор, додека во другиот дел, пресудата се потврдува“, стои во соопштението на судот.

Во казната, како што информираат оттаму, е вклучено и времето што Блажевски го поминал во притвор.

Сообраќајната несреќа се случи на 7 јули годинава, во непосредна близина на трговскиот центар „Зебра“, во населбата Капиштец.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...