Фото: Арбнора Мемети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 700 и има околу 560 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од Министерство за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 14 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 300 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники немало приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 6 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 17 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 12 пациенти, на Клиниката за очни болести 6 пациенти, а на ОРЛ 16 болни.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 95 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 77 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 34 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 21 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болни, а во Куманово 61 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 47 во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 27 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 31 пациент, во Кочани 9 во Кичево 16, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 8 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.