fbpx

Намален природниот прираст и бројот на склучени бракови

-

Бројот на живородените деца во првото тримесечје од годинава споредено со истиот период лани е намален за 1,6 отсто и изнесува 5.255 живородени деца, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2018 година бележи намалување од 11,4 отсто во споредба со истото тримесечје од 2017 година и изнесува 5.432 лицa, а од нив 22 се умрени доенчиња.

Податоците на ДСЗ покажуваат дека природниот прираст изнесува -177, што значи за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучени бракови во ова тримесечје од годината е намален за 1,3 отсто во споредба со истиот период од 2017 година и изнесува 2.532 бракови. Во ова тримесечје се добиени 520 извештаи за разведени бракови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...