Најтешко повредените од пожарот ќе се транспортираат во болници во странство

Петмина ќе заминат во Софија, Бугарија, ќе се транспортираат со авион на бугарското воено воздухопловство, а по тројца ќе бидат пренесени во Србија и Грција

-

Најтешко повредените лица од синоќешниот пожар во дискотека во Кочани ќе се транспортираат на лекување во странство. Како што информираше министерот за здравство Арбер Таравари, пациенти ќе бидат транспортирани во Бугарија, Турција, Грција и Србија, а помош била понудена и од Турција, Холандија и други држави

„Според анестезиолозите, 18 до 20 пациенти кои се покритични ќе треба да ги транспортираме надвор од државата. Тие ќе одлучат каде ќе биде најсоодветно да го продолжат лекувањето“, рече Таравари.

Петмина ќе заминат во Софија, Бугарија, ќе се транспортираат со авион на бугарското воено воздухопловство, а по тројца ќе бидат пренесени во Србија и Грција.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска информира дека направени се подготовки за транспорт на тешко повредените лица во болници во европските држави.

Папата Франциск излезе во јавност на Велигден и ги благослови верниците

Папата Франциск денеска на Велигден излезе за да ги благослови илјадниците луѓе на плоштадот Свети Петар во Ватикан и да ги почести со неочекувана прошетка со својот папамобил низ плоштадот. Папата...

Меџити: Коалицијата „Влен“ станува единствена политичка партија

Од коалицијата „Влен“ ќе произлезе нов политички субјект на македонската политичка сцена. Наредната недела почнуваат процедурите за создавање на нова политичка партија, најави првиот вицепремиер и лидер на Демократско движење, Изет...

Директорката на клиниката од Падова дојде на гости во Штип кај пациент што го лекуваа по пожарот во Кочани

Директорката на Педијатриската клиника на Универзитетската болница на Падова, Сузана Еспосито го посети младиот Симон Крстев од Штип, кој е еден од повредените во трагедијата во Кочани. Како што објави директорот...

Студентите во Србија, заедно со илјадници граѓани, Велигденската ноќ ја поминаа на протести

Српските студенти веќе шест ноќи ја блокираат зградата на Радио телевизија на Србија (РТС) и комплексот на студија на јавниот сервис во Белград. Тие го дочекаа Велигденското утро со илјадници граѓани...

Папата Франциск излезе во јавност на Велигден и ги благослови верниците

Папата Франциск денеска на Велигден излезе за да ги благослови илјадниците луѓе на плоштадот Свети Петар во Ватикан и да ги почести со неочекувана прошетка со својот папамобил низ...