fbpx

Најстариот пратеник Маноиловски ги повика пратениците да работат за Македонија

-

Петтото продолжение на конститутивната седница поминува во меѓусебни надмудрувања на политичките партии и во давање процедурални забелешки, наместо во расправа за точката на дневен ред, односно за избор на членови и на претседател на Комисијата за избори и за именувања.

Најстариот пратеник во Собранието, Бранко Маноиловски од ДУИ, ги повика пратениците да ги остават партиските интереси и да работат во интерес на граѓаните на Македонија.

– Првпат доаѓам во Собранието и забележав голема нервоза кај вас. А од далеку е јасно како ова може да се реши, но ставаме пречки од интереси и од убедувања. Сето тоа е залудно. Вие сите сте прекрасни. Дајте да ги исфрлиме тие интереси и да бидеме едно. Би сакал да видам еден вид мост, едно разбирање меѓу вас. Само малку смирете се сите партии, оставите ги партиските интереси на страна – рече Маноиловски.

Дискусијата почна со Томислав Тунтев од СДСМ, кој посочи дека 110 дена се крши собраниската процедура и 60 дена не може да се формира влада.

– Повеќе од два месеца граѓаните трпат недонесување закони, нерешавање на горливите проблеми. Колку и да повторуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, не можат да убедат никого дека има некаква платформа. Фактите и вистината не може да се сменат. Има програма на новата реформска влада, предводена од СДСМ и, притоа, ниту една одреденица во неа не се коси со Уставот – рече Тунтев.

Пратеникот Ферид Мухиќ рече дека во Македонија треба да се расчисти преминот од авторитарна свест кон граѓанската демократска свест.

Павле Богоевски ги обвини пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека не дебатираат за Комисијата за избори и за именувања туку дека штитат криминал.

Претседавачот со седницата и поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, неколкупати на пратениците им ја прочита третата точка на дневен ред, односно изборот на членови и на претседател на Комисијата за избори и за именувања и ги замоли да расправаат по таа точка.

– Денеска е петти ден, има пријавено 50 пратеници за збор, поминати се само двајца, а процедурални забелешки имаше преку 100. Ве молам да се придржувате на дневниот ред, но ваше право е да имате реплики и контрареплики – рече Вељаноски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, рече дека нормално е граѓаните да реагираат и да излегуваат на протести затоа што била изиграна нивната волја.

– Народот има дилеми и нормално е дека народот реагира. Врз основа на резултатите од изборите, се предложи Комисијата за избори и за именувања каде што мнозинство има коалицијата што победи на изборите, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е нормална реакција кога некој се обидува по изборите да ја изигра волјата на народот. Која цена СДСМ ја плаќа за да дојде на власт и за да оформи влада – праша Илиоски.

По низата процедурални забелешки што ги бараа пратениците, претседавачот на Собранието, Вељаноски, даде пауза до 15 часот, кого ќе продолжи седницата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...