Најиграната игра на мобилни телефон и персонални компјутери од страна на најмладите – Genshin Impact, првично наменета да емулира интерактивна средина во стил на аниме – посебните јапонски анимирани филмови, со најновото ажурирање има креирано толку многу инспиративни идеи во еден пакет што ја заискрува имагинацијата на деца ширум светот. Посветено напредуваат во играта со години. Ова е креативниот и инспиративен трејлер за најновото ажурирање наречено Nod Krai:
Во ажурирањето Nod Krai исто така има комплексна приказна – како што знае комплексноста на разгранување на приказната да биде драстична и дури математички осмислена во поврзувањето на ликовите и дејствата. Типично како фактор во Аниме цртаните филмови или во Манга – Стриповите.
Иако најновите генерации повеќе сакаат Анимето и Мангата да бидат карактеризирани како посебни категории на стрипови и цртани, затоа што се позаинтересирани за точни анализирања на содржини (особено на видеоигрите и сериите) и инсистираат на егзактно именување.
Во основа Nod Krai е според приказната е регион со којшто не владее Архон, додека другите региони се назначени, но жителите имале три богови за сите три нивни месечини, од кои две се уништени, а останатото е скриено зад лажно небо.
Од самиот прв презентиран трејлер во овој напис може да се заклучи дека се инспирираат најмладите гејмери да се грижат за природата и најчесто што можат да ја посетуваат и гајат, но и да се свртат креативно и кон инженеринг(технологија) и уметности.
Покрај самовилата на почетокот има и женски лик којшто прави машини и ги украсува и бои со свои цртежи, важноста на употребата на технологијата како алатка – не како оружје, а самата симболика со достигање со ракета до месечината во трејлерот – е референца за слетувањето на месечината во реалниот свет.
Порака за тоа како преку работа и технологија може човештвото да постигне се повисоки цели во својот развој – без да ја уништува природата и меѓусебно и да се стреми кон истражување на вселената.
Во Геншин Импакт всушност истражувате виртуелни светови со огромни мапи за да се ориентирате и откако ќе откриете места има точки за телепортирање на истите места – карактеристика позната во игрите као „instant travel waypoints“ применето и во играта Guild Wars 2.
Секако првична и најголема улога игра еколошката порака за обновување на уништена природа или разурнат свет и негова ревитализација, што најчесто во епската фантастика е приказна за херој или хероина спасители на светот со дружина од различни „чудаци“ од различни раси.
Како порака против расизмот и против гледањето на различните/другите како чудни – хероите и херојките што се вид на судбински избрани ликови што ќе го ревитализираат целиот свет победувајќи корумпирани негативци најчесто водени од еден најлош непријател кој е олицетворение на злото и уништувањето за сопствена алчна моќ да контролира се’. И најчесто по смртта на ултимативниот непријател или непријателка светот инстантно процветува повторно -некогаш веднаш и драстично, некогаш со време.
Ова е приказ на магичните способности што ги има најновиот херој Флин што се шета со магичен фенер како референца за Диоген, бидејќи нели старогрчкиот филозоф Диоген „со фенер го барал човекот во сред бел ден“ театрално да демонстрира дека не постојат веќе вистински луѓе – односно дека нема веќе доследни и чесни луѓе. Ликот во играта е малку поекстраваганта верзија на таа референца.
Во Геншин Импакт толку е богата и акцијата и приказната со многу дијалози што со нетрпение се очекува секој нов апдејт. Играта е во кинеско производство, но успеа да достигне светска популарност како најиграна игра на мобилен телефон.
Играта е стигната до тој степен каде децата кога влегуваат во тинејџерската фаза по интензивното играње на Роблокс, Мајнкрафт и Фортнајт преминуваат на градење ликови и интересни авантури во светот на Genshin Impact затоа што играта е достапна, бесплатна и може да ја играат и на мобилен телефон, таблет и персонален компјутер, иако е достапна и голем број други платформи меѓу кои и на уреди што користат „андроид“ и Плејстешн 4 конзоли.
Акцијата во играта е со кул движења и играта изобилува со прекрасни пејсажи и многу региони за истражување со посебни кампањи на ланци од задачи (квестови).
Но за разлика од непрестаното гледање на рилс, кон што се најмладите наклонети- што им ја одзема способноста за концентрација, дека се навикнати да им се менува нови и нови содржини за неколку секунди и потоа по години таква пракса немаат на пример концентрација за читање книги или покомплексни континуирани задачи.
Преку играта Геншин Импакт се нуди едно смирување со пејсажите на природа и имерсија во подолга приказна со видео анимации до кои преку играње и со пријатели онлајн се трудат да дојдат на крајот од секоја нова кампања со секое ново ажурирање.-со цел да се изгледа последната заклучна анимација.
Пракса што беше доста популарна и во првите генерации на играчи на видеоигри. На пример раскажувањето во играта се појачува и со кратки воведни анимации -или делови од нив како инсерти -презентирани на јутуб:
Сепак играта е многу корисна и за развивање на когнитивни способности, брзи рефлекси, тимска соработка и најважно подобрување на долгорочна концентрација -а девелоперите и продуцентите МiHo Yo-студиото базирано во Шангај, Кина- се трудат содржините се доволно цензурирани за да биде играта адекватна за деца и помладите (иако често знаат и да претераат со изгледот на женските ликови-што е типично за аниме и манга уметноста).
Така што сето ова од горенаведеното земено во предвид- ја прави оваа игра одлична за развивање на креативноста, имагинацијата и способноста за решавањето покомплексни проблеми со упорност. Способности корисни за сите возрасти, но особено за преоптеретените со премногу непотребни инфомации од интернетот- најмлади генерации.
За Геншин Импакт имаме и претходни написи што може да ги прочитате на следниов линк.
