Најновите и најдобри трејлери за видео игри од THQ Nordic Digital Showcase 2022

Најновите и најдобри трејлери за видео игри од THQ Nordic Digital Showcase 2022

Настанот THQ Nordic Digital Showcase 2022 се одржа неодамна и излегоа доста добри трејлери за игри во најава. Ви ги претставуваме најдобрите трејлери за видео игри меѓу кои има интересни преработки и секаков вид на игри, од игри со судирање и возење автомобили, до стратешки нови игри, авантури и акциони игри.

Во продолжение ви ги преставуваме најдобрите трејлери од настанот кои предизвикаа големо внимание:

1. Alone in the Dark Remake

Alone in the Dark добива свој “римејк” – станува збор за првиот дел од играта, ретуширан со модерна графика и обработен со специфичен „комбат“ за хорор игри во која се гледа дека пукањето во чудовишта е работено со голема инспирација од најновите верзии на Resident Evil игрите.

Оваа игра беше хит уште кога излезе во времињата на постарите компјутери каде графиката не беше квалитетна, но играњето во хорор атмосфера беше ефектно, а загатките беа интересни и интелегентно смислени.

Со ликот собирате секакви предмети што ги употребувате за решавање загатки. Во една од загатките доаѓате до заклучена врата на која стои клуч од внатрешната страна на вратата. За да ја решите загатката треба да поставите весник под вратата како подлога и да го бутнете клучот од клучалката со шило, којшто ќе падне на весникот и да го извлечете весникот од под вратата за да го земете клучот и да ја отклучите. 

Ова е само почеток за преработување на Alone in the Dark игрите и се шпекулира дека не само првиот дел туку сите делови ќе бидат обработени со најнова графика и новитети, додека приказната останува иста. 

2. Gothic Remake 

Играта Gothic своевремено беше RPG хит. Нудеше простран свет за истражување, градови каде можевте да работите во повеќе професии, а за комбатот се памти класичното специфично мафтање со меч кое го правеше главниот лик. Овој „римејк“ на играта е освежување во ултра добра графика која ќе го збогати изгледот на веќе одлична игра. Дури се мисли дека професиите во World of Warcraft и преспективата на трето лице се превземени од првата Gothic игра. 

3. SpongeBob SquarePants: The Cosmic Shake

Играта базирана на анимираните серии „Сунгерот Боб” е одличен 3D платформер, кој поголем дел од времето дава чуство како да сте во интерактивен цртан филм. Оваа игра изобилува и со класичниот хумор што е присутен во цртаните и е игра на која и најмладите можат да се радуваат и по можност да ја играат заедно со родителите или стартелите. Оваа игра е многу слична во механиките на скокање и препреки со играта за деца „Јука Лејли“ за која имаме и претходен напис