Во најновите вести од светот видеоигрите за оваа недела, ве известуваме за летната распродажба на Steam со драстични попусти, играта без насилство „Sable“ којашто е бесплатна на Epic Games до четврток и вирално исмевање на едноставноста на најновата анимација во World of Warcraft што прерасна во вирална гледаност од преку 30 милиони прегледи.
Што се однесува до летната распродажба на Steam која трае до 10 јули ги препорачуваме истите игри што сме ги препорачале во минатото, од Souls игрите се истакнуваат Black Myth: Wukong, Lies of P и Lords of the Fallen 2 но нивните попусти се премали, додека од пукачките игри Cyberpunk 2077 е на 50 отсто попуст и чини 20 евра наместо 40 евра. Oд игрите со преживување ви ја препорачуваме Conan Exiles која чини 10 евра наместо редовната цена од 40 евра -без експанзиите.
Од акционите игри серијалот Devil May Cry, Star Wars игрите и Ninja Gaiden колекциите се на солидни попусти. Исто така и многубројните игри од Assassin’s Creed серијалот се на драстични попусти. Од стратешките игри ви ги препорачуваме серијалите Civilization и Total War.
Но секако за други предлози на игри што фигурираат на редовни попусти на Steam може да прочитате поопширно во наши претходни написи овде. И така и така се чека излегувањето на многу најавени нови игри, но за жал најновата Dune Awakening игра што излезе неодамна не е на никаков попуст, бидејќи најновите игри не фигурираат веднаш на сезонски попусти, особено ако се излезени непосредно пред попустите.
На Епик Гејмс како и секоја недела има нова бесплатна игра -овојпат тоа е играта наречена Sable -се работи за игра без насилство со силна нота на истражување и решавање загатки во научнофантастичен контекст со интересна анимираност. Играте хуманоиден вонземјанин којшто е во чуден колоритен свет и има секакви возила и интересни механики и арт стил што ја прави играва многу слична на претходни вакви игри.
Играта Sable може да се превземе бесплатно до Четврток (04.07.2025) потоа се враќа на редовната цена од 25 евра. Општо за Игри Без Насилство имаме и претходни написи на следниов линк со препораки за други игри од овој тип на видеоигри кои знаат да бидат релаксирачки и пријатни за играње.
Видео коментирајќи ја ужасноста за најновата анимација за играта World Of Warcraft која што е едноставно и лошо направена од Близард -мегаломанска компанија со огромен профит од која се очекуваат квалитетни синематици -понуди лошо склопена едноставна анимација за најновото ажурирање на играта- видеото што прво го исмеа ова доби над 30 милиони прегледи, а ова се ироничните коментари за виралноста и „враќањето на WoW“ од еден од најгледаните јутубери за видеоигри Asmongold:
