Мрежната игра „Dune: Awakening“ е скоро надоградена со тоа што не мора да се игра со други играчи туку е имплементирана цела „Single Player“ кампања во која можете да играте сами. И не само тоа туку на играчите им се дава слобода да ја направат играта потешка или полесна по свој избор со менување многу опции рачно кои го дефинираат играњето и секако дека ветераните во гејмингот и стримерите ќе прават содржини од играње на најтешка тешкотија. Во продолжение сега играта е достапна и на конзоли за што излезе и најнов трејлер:
Играта „Dune: Awakening“ мора да претставува една од најинтересните „игри со преживување“ затоа што сетингот е на пустинската планета Аракис. На тема на играва, книгите и филмовите имаме и претходни написи што го доловуваат целиот концепт што може да ги прочитате овде. Еве како изгледа новонајавениот трејлер за третиот дел од поновите филмови на тема „Дина“ или „DUNE“.
Дејството во третиот дел се одвива после настаните каде што завршува првиот филм на оваа тема од Дејвид Линч каде главниот јунак станува „Месија“ за планетата. Но по „Dune Messiah“ случувањата како целина, дека Пол Атредис- Муадиб -Квисах Сатарахот има контрола на единствената планета што има таканаречен „зачин“ кој покрај другото е и единствено гориво за патување низ големи дистанци во вселената, тргнува на кампања да го завладее познатиот универзум.
Играта сама по себе е одлично сработена, и може да јавате џиновски црви, да летате со Орнитоптер (скратено наречен „Топер“) да се борите со ножеви и други пукачки оружја, да собирате залихи за преживување и да менаџирате со оскудни ресурси на вода и да градите сопствени бази што би ги одржувале. Така што дејството е доста интересно.
Една анегдота од книгите „DUNE“ е што токму орниптотерите, малите хеликоптери кои личат на вилинско коњче -со своите крила кои им се движат баш како на инсектот горе-долу и спречуваат пикање на песок во класични турбини што било случај на кај обични хеликоптери.
Но најинтересното кај таквите летала е што „Куќата Атредис“ користи аналогна технологија, во потконтекст е земена во предвид предноста на аналогна технологија, затоа што дигиталната може да биде хакирана и полесно саботирана.- Ова денес се разгледува и од аспект на развојот на „AI“ и негово некористење како преголема опасност со дигитални машини наспроти аналогни и писателот Френк Херберт доста добро го знаел сето ова своевремено, дека се работи за долгогодишна проблематика во Научната Фантастика.
И ова е само еден контекст испорачан во самите книги и проектиран во филмовите и видеоигрите. Секако ви препорачуваме да ги прочитате книгите иако се доста обемни, а најдобрата варијанта е да ги набавите верзиите од фирмата „Golancz“ каде во два тома се содржат целите дела. Повремено ги има на директна продажба во книжарницата „Академска Книга“ во Скопје.

Што се однесува до играта „Dune: Awakening“ самите девелопери веќе ги имаа најавено специфичностите во видео кое детално ги прикажуваат новитетите и измените на играта и испадна дека голем дел од новите работи и опции претходно биле побарани од заедниците гејмери што ја играат играта, а секако девелоперите изненадија и со свои позитивни додатоци:
Играта е достапна на Steam и моментално е на намаление од 50 отсто и наместо 50 евра чини 25 евра и овој попуст ќе трае до први октомври.
