Најновиот „Супермен“ филм својата премиера ќе ја има на 11 јули

Кучето Крипто што го има во филмот е сакан лик што фигурира во првите и новите стрипови на Супермен но не и во изданијата измеѓу. Приказната е дека кучето е пратено од таткото и мајката на Супермен од планетата Криптон на Земјата во вселенско летало

Supermen 2025 скриншот од YouTube

Најновиот филм за најпознатиот суперхерој „Супермен“ доаѓа на 11 јули во кино салите ширум светот. Режисерот на филмот е Џејмс Ган којшто е познат како режисер на на Марвел франшизата “Чувари на Галаксијата” пред три години постана извршен режисер на „DC Studios“. Како извршен директор дополнително беше режисер за неколку серии и анимирани филмови, но најголемиот проект сега му е филмот за „Супермен“ чиј слоган е “Погледни нагоре”.

Најновиот знак на градите на Супермен е комбинација од повеќе стрипови и филмови за суперхеројот затоа и не изгледа „класично како што го знаеме“. Дополнително неговиот костум е целосно инспириран од стриповите, спесифично првите изгледи на херојот.

Испадна дека најновиот актер Дејвид Корсвелт кој што потсетува на Хенри Кавел – глуми подобар Кларк Кент и од Кавел но тоа само затоа што Кавел беше премногу развиен и крупен.

Кучето Крипто што го има во филмот е сакан лик што фигурира во првите и новите стрипови на Супермен но не и во изданијата измеѓу. Приказната е дека кучето е пратено од таткото и мајката на Супермен од планетата Криптон на Земјата во вселенско летало. Секако ова е референца за Кучето Лајка од реалниот свет кое било соочено со страшна судбина.

Џејмс Ган и во филмската франшиза на „Чувари на Галасијата“ го има внесено интелигентното куче Козмо. Вели дека изгледот на крипто го базирал на своето сопствено домашно милениче. CGI елементите се импресивни во филмот и се применети и на изгледот и движењата на Крипто.

Покрај обрнатото внимание на заштита на животните, Џејмс Ган го обработува и односот кон Вештачка Интелигенција во трејлерот. Тоа се гледа кога Супермен е спасен од страна на Крипто и неговите роботи во сопствената база на Супермен „Тврдината на Самотијата“ на Северниот Пол. Иако самите роботи тврдат дека немаат свест и емоции – на што супермен се смешка, се појавува робот презентиран како женски лик наречена “Број 12” која има изразени емоции.

Според наративот целата технологија е од неговата капсула а учител му е дигитален конструкт на неговиот татко од Криптон Џор Ел, кој го има научено Супермен да ја користи технологијата. “Респектот кон ВИ” како живи битија е интересна појава во филмот, наменета помладата публика да биде фина меѓу себе во другарствата.

Музиката во филмот е варијација на оригиналнта музика од филмовите со Кристофер Рив компонирана од Џон Вилијамс, но овојпат видоизменета од композиторот Џон Мурфи и во верзија со електрични гитари со дисторзија.