fbpx

Најновиот документ ќе биде дополнителен доказ во кривичната постапка за случајот на Тамара

-

Документот во кој се вели дека децата болни од искривување на ’рбетот се чувале за операции во новиот спинален центар, наместо да бидат испраќани во странство, ќе биде дополнителен, нов доказ во постапката што ја води Хелсиншки комитет за случајот на малата Тамара Димовска од Велес, која почина пред една година.

Претседателката на Хелсиншки комитет, Уранија Пировска, вели дека документот докажува дека надлежните наместо да мислат на здравјето на детето, се грижеле за промоција на владини проекти и за политички поени.

– Дека ја чувале Тамара за промоција на новиот спинален центар, ние тоа го кажавме уште на почетокот. Ја истакнавме претпоставката дека ја чувале за промоција наместо да се грижат за здравјето на детето. А новиот документ тоа и го докажува. Се потврди дека наместо да мислат на интересот на Тамара, се мислело на лични интереси на владејачката структура за промоција на свои проекти за политички поени. За случајот на Тамара мораше итно да се реагира затоа што се работеше за болно дете. Тие луѓе се виновни и треба да одговараат. Се надевам дека обвинителството сериозно ќе почне да работи по овој случај. Обвинителството ја одби кривичната пријава што ние, заедно со семејството на Тамара, ја поднесовме, па по поднесената жалба до вишо јавно обвинителство случајот беше вратен во основното јавно обвинителство на постапување – вели Пировска.

Во документот што се појави пред неколку дена се вели дека Фондот за здравствено осигурување на Македонија на 8 октомври 2014 година испратил допис со кој препорачува пациентите што боледуваат од сколиоза, кифоза или кифосколиоза да не бидат упатувани на лекување во странство бидејќи „се работи за заболувања при кои не постои итност за оперативно лекување“.

„Во крајна фаза на подготовка пред почнување со работа, а во рамките на јавните здравствени установи, се наоѓа спиналниот центар со чиј делокруг на работење ќе бидат опфатени оперативните интервенции кај осигурениците што имаат потреба од нив“, стои во дописот.

Хелсиншкиот комитет за човекови права во февруари минатата година поднесе кривична пријава за несовесно работење против министерот за здравство Никола Тодоров и против поранешните директори на Фондот за здравство, Маја Парнарџиева-Змејкова и Џемали Мехази.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...