Најнови предлози за видео игри без насилство, кои нè тераат на размислување и истражување

Photo by Fredrick Tendong on Unsplash

Покрај презентираните видео игри без насилство – Journey, ABZU и The First Tree преставени во претходниот напис на слична тема, постојат и многу други игри коишто се исто така без насилство и тераат на размислување и истражување.

Како една од најдобрите логички игри без насилство е секако Тетрис, можеби и најиграна видео игра од овој тип досега, која што во јули годинава треба да добие конектиран мултиплаформски мултиплејер преку PS4. Ова значи дека ќе се игра и од компјутер и од сите конзоли a играта ќе ја има и на Steam и нa Epic Games. На Тетрис има позадина со “Тепач” што мава бокс во празно секогаш кога ќе направите линија и таа позадина може да се исклучи и замени со друга во зависност од модот на играта.   

Втора игра по играност и популарност која што може да се игра како игра без насилство е несомнено Minecraft. Во обичната верзија на Minecraft, кога ќе се стемни играта, таа се претвара во Survival игра и излегуваат зомбиња и пајаци, од кои треба да се браните во структурата што сте ја изградиле во текот на денот.

Исто така, и има мултиплејер модови каде играчите играат едни против други со лакови и стрели. Но сето тоа може да се исклучи ако одберете Peaceful Play во опциите и да се игра како игра без никакво насилство туку само како игра со собирање материјали и градење зданија. Особено се интересни копиите на веќе постоечки градби во светот изградени во Minecraft како Кинескиот Ѕид, Ајфеловата Кула, Пирамидите од Египет и многу други. 

А еден од најинтересните случки со Minecraft е како преку играта е спасена шума во Полска и Белорусија. 

Исто така, не толку позната, но добра игра каде може да се исклучи насилството и наместо multiplayer survival да се игра само во Creative mode е играта Scrap Mechanic. Во оваа игра, можете да креирате секакви возила и е одлично сработена, а дури и основните возила се прават едноставно – само ги бирате деловите и ги спојувате едни со други. На пример, прицврстувате електричен мотор со батерии на веќе дигната платформа, додавате тркала, па ги поврзувате со менувачот на брзини и воланот итн. Дури, има и кратки упатства за тоа како да направите основно возило. Од тука па натаму, само фантазијата и вештината се лимит. Можете да најдете секакви видеа на YouTube, каде во оваа игра се направени секакви возила од наједноставни автомобили до големи подвижни роботи или механички змејови и секакви авиони.