Во најновите гејминг вести на „Epic Games“ ремастерите на првите три „Tomb Raider“ игри се бесплатни за превземање до четврток. Девелоперите од „Warehouse Studios“ изјавија дека работат на нова RPG Игра со отворен свет во „Средна Земја од Толкин Универзумот.“
Новонајавениот настан од „Sony PlayStation“ наречен „State of Play“ на втори јуни ќе открие нови подолги снимки од најновата игра за Wolverine која е најавена да излезе на есен годинава. Исто така на почетокот на јуни ќе се одржи светскиот настан „The Game Awards 2026.“ каде покрај многуте категории се бира и игра на годината.
Најавени се ремастери на првите три „God of War“ игри – во кои сте буквално „убиец на богови“ од целиот старогрчки пантеон со мегаломански борби со џиновски верзии на сите богови од Олимп.
Додека играта „Destiny 2“ го добива својот последен аптејт но сепак продолжува со фигурирање на пазарот како заокружена игра што може уште да се игра.
Играчите со елан ја чекаат играта за Вулверин која ќе биде експлицитно крвава како што може да се види на релативно неодамнешниот трејлер излезен пред 8 месеци:
Исто така компанијата Sony најавија дека повеќето нивни „екслузивни игри“ кои во последниве години ги има и за персонални компјутер -ќе ги укинат верзиите за PC и ќе можат да се играат најпознатите наслови исклучиво на нивната конзола „PlayStation 5“. Додека прават исклучок од ова правило за неколку пукачки FPS игри што се играат со мултиплејер.
Околу ремастерите на првите три „Tomb Raider“ игри имаме претходен неодамнешен напис кој објаснува каква контроверзија се случи со скиновите за Лара Крофт во овие обновени верзии за кои можете да прочитате тука. A секако „највеќе им е во срце“ сосема првата игра „Tomb Raider“ на сите повозрасни гејмери и гејмерки ширум светот поради носталгија и затоа што е практично најдобра од серијалот на првите три игри, каде вториот и третиот дел делуваат како таканаречен „fast cash grab filler“(„дополнителни склепани игри за брзи пари“)- и своевремено и сега.
Бесплатната промоција за „Tomb Raider I,II и III“ трае до 28 мај (Четврток) така што препорачано е да ги зграбите овие игри што поскоро. За целиот „Tomb Raider“ серијал на игри имаме повеќе написи овде.
God of War серијалот се ревитализира и се прослави повторно со последните два наслови – но ремастер на старите првични игри е одлична идеја бидејќи имаат свој драж и стил на акција и најдобри битки против босеви колку планини -кои треба да им ги наоѓате слабите точки додека се прекачувате како планинарење по самите џиновски старогрчки богови -од кои сите имаат посебен пристап и бос механики за нивно победување.
Иако новите игри имаат подобра графика и приказни, сепак игривоста на старите наслови „God Of War“ верзии е впечатлива и до ден денес.
