Изминатата недела пристигнаа двете популарни и долгоочекувани игри „Path of Exile 2“ и „Marvel Rivals“, a во Tekken 8 се враќа познатиот карактер „Ана Вилијамс“.
Path of Exile 2 по долго време очекување, официјално пристигна во Early Acess варијанта, и сите гејмери низ светот иако очекуваа дека ќе е бесплатна како првиот дел, сепак решија дека ќе дадат мала сума на пари и ќе ја купат играта.
Планот се смени поради зголемената популарност и најавата од страна на креаторите „Gringding Gear Games“ дека играта официјално ќе излезе “кога ќе биде готова”. Но луѓето што ја испробаа во Early Access не беа баш воодушевени, дека се соочија со недоработена игра, зголемена тешкотија и на зони со мали левели, и сосема различен гејмплеј од очекуваното.
Хајпот за играта почна многу интересно посебно дека играта уште од самите почетоци ќе се рачуна за е-спорт и веднаш ќе се оформат професионални тимови. Според PC Gamer во играта главен проблем моментално е што никој не сака да игра Healer и тоа дава друга димензија на самата игра -но секако дека ќе се измени.
Marvel Rivals практично е Ovewatch за помлади генерации кои се токму таргетираната публика на играта, затоа што многу од новите генерации тинејџери па и возрасни се инфатуирани од експлозијата на Марвел филмовите.
Tekken 8
Што се однесува до Tekken 8 во тизерот на најновата сезона на играта се наговести појавувањето на ликот Ана Вилијамс и гејмерите сметаат на тоа таа да се појави како најнов лик за играње како што беа Еди, Лидија и Хеихачи.