Ctrl - Z Најнови гејминг вести: Ghost of Yotei, Diablo 4, Tekken 8, Crimson Desert...

Најнови гејминг вести: Ghost of Yotei, Diablo 4, Tekken 8, Crimson Desert и Gothic Remake

Прочитајте ги најновите гејминг вести од септември 2024 година

„Ghost of Yotei“ / принтскрин од Јутјуб

Ви ги презентираме најновите вести за видеоигри неделава: продолжението на популарната „Ghost of Tsushima“ со женски лик наречена „Ghost of Yotei“, нов гејмплеј од најавената експанзија на „Диабло 4“, менување на карактер за позадина на „Текен 8“, како и ново видео со гејмплеј од долгоочекуваната „Crimson Desert“ и најавата на римејк за „Gothic“.

Повелете и погледнете го трејлерот за „Ghost of Yotei“: 

По големата популарност на „Ghost of Tsushima“ која е недостапна за купување на Steam во нашиот регион, иако можеше да се купи оригинално на GOG платформата, а сега за жал ни таму ја нема, најавено е продолжението со женски карактер која ќе се вика „Ghost of Yotei“.

Приказната за Атсу, ронин девојка со специјална маска, која најверојатно ќе има и волк придружник, е приказна за „одмазда што ја извршува потценет борец” и каде „Ловот станува Ловецот”. Се очекува играта да има широки полиња и снежни падини низ кои ќе може да јавате коњ. Исто така ќе можете да се борите и со две оружја одеднаш – позната карактеристика наречена „Dual Wield“ – многу популарен стил во сите RPG игри. Се очекува и оваа игра да биде со карактеристиката на „Perfect Deflect” (совршено дефлектирање удари со меч) што во „Секиро“ беше и е нешто што мора да се совлада. Играта „Ghost of Yotei“ се очекува да излезе во текот на 2025 година. 

Ова е најновиот гејмплеј трејлер за експанзијата на „Диабло 4“ која ќе излезе многу скоро и тоа на 8 октомври: 

 

Иако самиот трејлер ги прикажува новитетите, редовно го следиме развојот на „Диабло 4“ што може да се види од наши претходни написи кои имаат и дополнителни информации од живата игра што не се достапни на други веб-сајтови, а може да ги прочитате тука

Популарноста на „Текен 8“ како најиграна тепачка игра не спласнува, напротив играта е жива и сè уште најдобар избор помеѓу трите на врвот – заедно со „Стрит Фајтер“ и „Мортал Комбат“. Но, во „Текен“ се воведе нова карактеристика каде во позадината на менијата на играта може да си го поставите вашиот главен лик да стои со анимиран аватар и да менува агли на гледна точка. На „Текен 7“ постојано стоеше Казуја Мишима, а на „Текен 8“ долго време беше ликот Еди Гордо, па поскоро и во последно време Лидија Собиеска -женски лик за која имаме и посебен напис. Еве пример како изгледа ако го ставите Теквондистот Хоаранг (Hwoarang): 

Иако имаме и други претходни најави за играта „Crimson Desert“, излезе гејмплеј за тоа како ќе изгледа играта и ги воодушеви играчите ширум светот – играта уште се развива, а еве како изгледа моментално:

Тоа што им падна во очи на ветераните од ММО-то „Black Desert Online“ е што многу области или делови од нивоата како сегменти се рециклирани од „BDO“ (Black Desert Online), но се имплементирани како склопки од доработени нивоа. „Crimson Desert“ ќе биде single player игра -што нуди можност за подобра графика, исто како во разликата на „Скајрим“ и „Елдер Скролс онлајн“, каде сингл плеер играта има подобра графика. Пејзажите се прекрасни, гејмплејот и борбите се динамични и имаат ритам на блокирање со штит, возвраќање и избегнување удари. Сепак, оваа игра за која имаме и претходни написи се очекува да биде доста солиден хит кога ќе излезе, а е најавена за 2025 година. 

И за крај, играта “Готик“ добива римејк што ќе биде готов исто така следната година, а еве како изгледа во моменталниот развој: 

Генерациите што имаа можност да ја играат „Готик” благовремено во првата верзија ја очекуваат оваа игра со голема радост, а и новите генерации ќе можат да ја доживеат. Тоа што може да се каже е дека „Близард“ во „Светот на Варкрафт“ го прекопира своевремено целиот систем за „крафтање” (професии со кои правите оружје, оклопи и сè друго што може да биде направено од играчи) од првата верзија на „Готик“.

Секако, овој подвиг дава надеж и за римејкови на други постари игри, што е многу позитивен тренд поздравен срдечно од сите гејмери ширум светот.