Најнови гејминг вести: 30 години Warcraft и бесплатната Path of Exile 2

Eldritch WoW Paladin RP -Скриншот од лична архива на Иван Стојановски
Eldritch WoW Paladin RP -Скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Во најновите гејминг вести за големите франшизи ги разгледуваме новитетите околу моменталната 30 годишнината на Warcraft, скорото излегување на Path of Exile 2 на 4 декември и можен ремастер на Диабло 1. Веќе е објавен ремарстер на ремастерот на Warcraft 3, а исто така направени се ремастери и на стратешките Warcraft 1 и 2, Старкрафт и Диабло 2 па гејмерите шпекулираат дека е логично најлегендарната верзија на Диабло исто така да добие ремастер.

Иако World of Warcraft скоро прослави четврт век, овојпат е во прашање 30-годишнина од стратешката игра Warcraft – серијал што беше основа за WoW. Ова е проследено со бројни промени што влијаат на сите други Blizzard игри. За време на настанот околу прославата беа промовирани скинови и додатоци кои се достапни само сега.

Најинтересниот од сите додатоци е ажурирањето на World of Warcraft со автомобилски трки преку додавање на нови стази со старовремски и стимпнак автомобили и возила класично направени од гоблини инжинери во подземјето. Во играта колите ќе бидат далеку побрзи од обичните „маунтови“ и ќе има и нови трки, како и нова арена за PvP играчите во средина на зоната. Гоблините се покомичниот дел од играта и се очекува ова да биде многу забавно затоа што ќе има натпревари во тркање а хуморот е загарантиран. Исто така излегува и нов Рејд на истата тема за оние што ја купиле најновата експанзија The War Within.

И да не платите ништо за WoW можете да учествувате во играта и тековните настани со бесплатен Trial Account до левел 20. Дури и можете да играте PvP колку сакате без временско ограничување – на почетните арени и “battlegrounds”. Но, ќе имате рестрикции во комуникацијата со други играчи и во левелирањето.

Што се однесува до долгоочекуваната Path of Exile 2, таа во “early access” излегува на 4 декември. Во меѓувреме е објавено видео каде се сублимирани повеќе снимки од новата игра. Path of Exile 1 беше underdog конкурентот на Diablo 3, (за што имаме и посебен напис овде) а Path of Exile 2 се очекува да ја сруши Diablo 4 во жанрот на hack and slash isometiric rpg игрите. Но, сепак и Diablo 4 добро се држи иако перидов повеќето играчи се исфрустрирани од фактот дека најновата класа од експанзијата Vessel of Hatred -наречена Spiritborn е многу помоќна од сите други класи. Дури и Blizzard најавија дека тоа нема да се смени, а самото левелирање е бајаги успорено во однос на претходно. Во оваа состојба на Диабло 4, излегувањето на инвентивната Path of Exile 2 со нови механики во жанрот и подобри анимациии, постои можност максимално да пробие со популарноста. Патем, POE 2 ќе биде Free to Play – сосема бесплатна.