Најнов трејлер за новата класа на Black Desert Online, наречена „Мегу“

Скриншот од играта Black Desert Online

Неодамна излезе најнов трејлер за новата класа на Black Desert Online, наречена Maegu (се изговара „Мегу“). Се работи за сестра близначка на „Вуса“, претходно излезената класа, за којашто имаме посебен напис, но сепак не ѝ e идентична близначка. Напротив, изгледа како излезена од сосема друга школа и е со дијаметрално спротивен изглед.

Таа е култист што има направено пакт со магична џиновска лисица што ѝ дава способности да „спојува“ магии проткаени со смртоносна, црвена боја – архетип за боја кај класичната, црвената лисица, иако нејзинота лисица е џиновска и е бела – а всушност е еден вид шумски дух со кој ја дели судбината. Музиката во улти-магијата (на 1:07 минути) е корејска традиционална песна.

Погледнете го трејлерот: 

Ликот Мегу е моментално еден од најмоќните ликови воопшто во играта, односно сите сметаат дека е OP (Over Powered), затоа што сите магии ѝ се моќни. Ефектите како шумски и есенски лисја и појавувањето на нејзината амајлија и пресеците и експлозиите со блескава, но сепак бледо розева, боја, ја прават Мегу специфичен лик. Исто така, мобилноста на ликот е слеана од транзиција од правец во правец, дури и има способност да остави „клон” или илузорна проекција од себе – да се помести настрана и повторно да се телепортира каде што била илузијата. Во секој случај, импресивно сработен најнов лик во Black Desert. 

Девелоперите Black Abyss, сепак, ги слушаат своите фанови, кои често критикуваа дека приказната на Black Desert е оскудна, дека играта повеќе се базира на борби и грајнд….  Единствено повеќе отскокнуваа приказните за специјализирање на ликовите во Авејкенинг и Сукцесија, но и тие повеќето инволвираа борба против „Мојата сенка“” или против учител, како во случајот на Sage и Ninja напоредно. 

Затоа, развивачите на игри овојпат решија да ги почестат своите фанови со кратки аудио творби за двете последни најнови класи – сестрите Вуса и Мегу. 

Додека Вуса делува повеќе како вештерка, Мегу делува повеќе како принцеза: спротивни како црно и бело, и таква им е облеката и косата на двете. Всушност според приказната овие две девојки се царски ќерки, коишто морале да се скриваат, бидејќи од политички причини била лажирана нивната смрт. Потоа двете стануваат мајстори на боречки вештини и додека Вуса е послободна, Мегу е дисциплинирана и малку препотентна. Сепак, двете наоѓаат начини да функционираат заедно, откако ќи ги истражат магичните камења – црните кристали, и откриваат „Црн дух” за кој Мегу мисли дека ќе ѝ помогне да достигне просветлување. Тие заедно тргаат во потрага по црни камења, за кои што чуле дека се наоѓаат преку морето, во Црната Пустина. Има и гротексни делови од приказната, во стилот на оригиналните приказни од браќата Грим, но исто така има портретирано и комични сцени. 

Направени се четири епизоди во аудио формат, што ја доловуваат убавината на радиоемисиите, но сепак потсетуваат и на стрипови или раскажување приказни за деца.

Ова е првата епизода, а по неа автоматски ќе се вчитаат и следните три: