Што се однесува до најновиот трејлер за играта Вулверин, тоа што прво се забележува е дека трејлерот е намерно така монтиран за да бидат тотално избегнати покажувањата на крвавите сцени што се сеприсутни во самата игра како што можеше екплицитно да се види од гејмплеј трејлерот излезен пред месец дена. Што е веројатно обид за автоцензура поради достигање поширока публика и купувачи како и привлекување на младите генерации гејмери. 

 

Во оваа игра иако атмосферата е условно кажано „реалистична“ -со таква графика што повеќе да личи на филм одошто интерактивна игра Вулверин го носи оделото од стриповите и анимираните филмови, но модифицирано е да се вклопи во атмосферата, а и појавувањата на други Икс-Мен ликови се во истиот стил на стриповски униформи -како „камеото“ на мутантот „Бист“ во самиот трејлер или Џин Греј-„Феникс“ во претходниот гејмплеј трејлер. 

Додека условната ќерка на Вулверин со адемантиумски нокти -се покажува во најновиов трејлер како се бори против него водејќи цел сквод на корумпирани нинџи. Гејмерите шпекулираат дека или ќе испадне дека е убрзано израснат клон на неговата ќерка или на ќерка му ‘и е испран мозокот од јапонската Јакуза Мафија и ќе се очекува во приказната Вулверин да ја победи без да ја повреди и да ја поштеди и ослободи и да и ја врати меморијата откако најверојатно ќе и отстрани скриен имплант за контролирање на умот што е најчеста појава во ваквите суперхеројски приказни- за да се борат заедно на вистинската страна против терористите, манипулантите и опресорите на мутантите и освестените луѓе што сакаат мирно да живеат заедно со мутантите во хармонија.  

Што се однесува со поврзаноста со филмовите, поради фотографијата -која му излетува од раце на Вулверин во неколку наврати во трејлерот и си ја зема назад во сред борба додека не се случи да му изгори по што тотално здивува во гнев и коле сè пред себе -е поврзаност со приказната од филмовите со Хју Џекмен од 2009 година насловен „X-Man Origins Wolverine“ и филмот од  2013 година насловен „The Wolverine“ каде на почетокот живее среќно со девојка која му ја убиваат и ја осветува-што е земено за темата на сликата/фотографијата што ја чува по секоја цена блиску до себе во трејлерот за играта. 

 За самата игра Вулверин – воопшто не се зема во прeдвид филмот „Логан“ што е во ултра сериозен алтернативен „тајмлајн“ каде Вулверин  e алкохоличар што работи како возач на лимузина и не може да се регенерира и го чува Професорот Икс Чарлс Екзавиер во дементна умствена состојба и без телепатски моќи и се грижи за ќерка Лаура му што е мало девојче со исти моќи што Вулверин ги имал- ова е последен самостоен филм на Џекмен како Вулверин од 2017 година.  

Сепак Џекмен иако имаше намера да престане да го игра ликот Вулверин, релативно неодамна се врати на улогата за филмот „Deadpool & Wolverine“ за што имаме поврзан напис овде каде како Вулверин го носи истото одело од играта и стриповите што испадна доста добар и комичен филм -со глобален успех како и претходните „Дедпул“ филмови со Рајан Ренолдс.

Целата употреба на жолтото одело-е да се поврзат и реактуелизираат стрипови како Икс Мен серијалите, постари анимирани филмови и серии како „X-Man Animated Series“ од 1992 година кои се во голем број епизоди и бројните видеоигри каде фигурира овој изглед на Вулверин од кои може повторно мултимедијално да се заработи, иако не делува до толку убедливо или сериозно за сетингот на целата најнова видеоигра за јунакот. Сепак оваа адаптација е направена во прифатливо добра мера, што парадоксално им се допаѓа на дури и на долгогодишните фанови иако има и многу што негодуваат околу сето ова.

Вулверин во стриповите е мало набиено секогаш живчано човече што „се лансира како ѓуле“ од гнев на непријателите и „прави партали“ со канџите во борба, а со пријателите најчесто кулира и пие пиво и носи каубојски шешир, но пак има „краток фитил“ за избувнување во гнев. Хју Џекмен е одговорен за трансфомацијата на ликот во „мускулест лепотан фраер-моторџија“ преку многубројните Икс-Мен и Вулверин филмови. Најновата игра Вулверин за која станува збор -ги комбинира овие два имиџа на ликот.     

Преднарачките за играта се во тек и според најновите правила на фирмата Сони, PlayStation 5 игрите и идните генерации на конзолата нема да бидат проследени со материјални дискови во кутии туку само со дигитални верзии на игрите. Играта Вулверин излегува на 15 септември 2026 год. на светскиот пазар и веќе е светски хит и пред да излезе, што гарантира голем број продажби на самата игра сепак и на големо задоволство на гејмерите кои очекуваат оваа игра да испадне целокупно најдобрата игра за Вулверин досега.