Со најновото ажурирање на играта „Where Winds Meet“ и аптејтот наречен „Heavens Threshold“ -“second part of Hidden Mountain“ се добива пристап до „вистинската скриена планина“ што е пандан на идејата за „Шангри Ла“ или „Шамбала“ -рајски скриен планински врв каде сите се бесмртни во кинеската митологија, но овојпат со технолошки моменти на стимпанк од конструкции на „Мохист сектата“ за градење и правење механизми. Секако пораката во подконтекст е дека напредокот на технологијата донесува рајска благосостојба. Но исто така овој пач изобилува со еден куп новитети и мини-игри вметнати во приказната како и нови кул опции за играње на играта:
Покрај интересните инвентивни новитети, највпечатлив и „Движечкиот Лавиринт“ во „Бесконечниот Замок“ во новата планина до која се достигнува, се работи за ниво каде околината е преполна со движечки загатки, подови и тавани со дупки кои треба да ги промашите низ брзо трчање и размислување, ненадејни стапици, заглавувања меѓу ѕидови, отклучувачки премини со ланци и платформи, како и непријатели против кои треба да се борите додека травестирате брзо како ветер низ оваа околина, се додека не дојдете до следната безбедна локација или следен „главен“ -сето ова е вклучено во наративот на приказната, низ која поминувате со нова дружина и вметнати се многу хумористични моменти во самата авантура.
Добивате и способност за глајдање, подлетнување со механички крилја слично како глајдерите на играта „Guild Wars 2“ во експанзијата „Heart Of Thorns“ излезена пред цела декада -со многу вертикалност исто како во најновиот пач на „Where Winds Meet.“
Втората впечатлива промена е Ролеркостерот -којшто е многу побрз од претходното тркање во форма на „Спектрална Риба“ што го имаше во „Hexi“(се изговара Херши на кинески јазик) експанзијата. Но ќе се бараат брзи реакции за свртувања и возења по траките. Исто така има и трка со колички во рудник -како на филмот „Temple of Doom“ со Индијана Џоунс каде стрелате со огнени стрели во соседни колички со непријатели кои превезуваат експлозивни буриња што не смеат да стигнат до крајот на патеката.
Сето ова е доста интересно за помладите генерации кои немаат искусени слични механики во претходни игри како што имаат ветераните повозрасни гејмери. Но тоа што е забавно за нив е што за оружјето „Железни Тупаници“ се добива форма на пијан кунг фу мајстор, стил на боречка вештина наречен „Drunken Fist“ („Пијана Тупаница“) – но сепак иако движењата се кул и има смешни потези -како нокаутирање и легнување на земја да се подомори и пијани занесувања со последователнои испокување мајсторски комбоа, каде и ударите со нозе се повеќе бројни од првичниот стил со ова оружје.
Второто оружје е преработката на „Dual Twin blades“ првичното оружје на PvP сектата на праведни убијци „Midnight Blades“ („Полноќните Сечива“) сега преработено во комбоа што имаат дел од комбото што завршува со анимација слична на сечењето наменето за повеќе противници на ултра популарниот „Танг Меч“ кој е сè уште најкористено оружје затоа што само тоа има посебна способност за контра удар на копче после успешен дефлект на противнички напад. Оваа обработка на двете сечива -кои долго беа и се омилени во оригиналната форма – е новитет за глобалната верзија којшто за разлика од „Пијаните Тупаници“ е попрактичен и поефикасен и воедно изгледа кул.
Овие две оружја доѓаат во пар, а стилот на борба базиран на пиење алкохол и борење изгледа доста кул:
„Пијаниот стил на кунг фу“ е одамна популаризиран на светско ниво од актерот и каскадер Џеки Чен, особено во неговиот познат филм Drunken Master , но и демонстрира вистински традиционални форми за овој кунг фу стил во истиомениот филм од неговата младост.
Мистичните скилови добиваат два новитети односно раштрканото стрелање со лак и стрели, „Bursting Nine“ („Прасок од Девет Стрели“) корисно и применливо во многу различни ситуации и во „PvE“ и во „PvP.“ И една од најинтересните механики за ликовите што ги лечат другите ликови во борба „Лебдечкиот Меч“ за лекувачи, мистичниот скил „World to Sword“ којшто откако ќе достигнете одреден праг на максимално лечење на сите околу себе или само на себеси ако играте соло, вишокот на лечење што ќе го правите се префрла низ мечот што лебди на вашата лева страна со што оштетувате непријатели и функционира како додатно нанесување штета при лечење на групата.
Што се однесува до целата авантура, приказната знае да застрани во предолги дијалози и непотребни бавни дејства кои предизвикуваат нетрпение кај повеќето помлади играчи, но најчесто ја следи патерната на затворен целосен круг, каде со кратка сцена на крајот од анимациите и целите дејства -се открива самата смисла на сите перипетии наговестена со почетните дејства и случувања -кои понекогаш се временски предолги за играчите да ги поминат до крај. Но важно е да се знае дека за да пристапите кон сите овие најнови содржини, мора да ги завршите сите претходни последователни приказни во играта за отклучувањето на новиот регион и аптејт „Heavens Threshold“.
Ако имавте потешкотии да ги разберете термините во горенаведениот текст, ви препорачуваме да го прочитате следниот речник и Водич за гејмерски термини, каде сите жаргони и непознати зборови на играчите на видеоигри живо применливи во светот и кај нас, се детално објаснети што значат на македонски јазик. А за самата игра „Where Winds Meet“, која е бесплатно револуционерно „MMO“ откако беше првонајавена до денес имаме и голем број написи кои може да ги прочитате овде.
