Започната е обемна спасувачка операција за да се пронајдат десетици мигранти, откако бродот со кој патувале од Либија до Крит се превртел. Досега е потврдено дека најмалку пет лица загинале, пренесува Гардијан.
Спасените патници беа пронајдени 12 часови откако беа пуштени неколку хеликоптери во потрага по нив. Дрвениот брод се превртел на 23 километри јужнозападно од грчкиот остров Гавдос.
Но, нема многу надеж дека останатите патници кои се водат како исчезнати ќе бидат пронајдени живи, велат претставници од спасувачката мисија.
Сите преживеани патници се Пакистанци. Повеќето од нив беа однесени со брод до пристаништето Ханија на Крит, а некои беа однесени во градската болница со хеликоптер, каде беа примени на интензивна нега.
Пристигнувањата на малиот остров од Либија се зголемија за 400 отсто од почетокот на годината. Повеќето потенцијални баратели на азил се качуваат на преполни и небезбедни бродови во пристанишниот град Тобрук во источна Либија.