Најмалку 51 лице загинаа во поплави во Шпанија

За исчезнати се водат неколку лица, а поплавите ги прекинаа железничките услуги. Неповолните временски услови се очекува да продолжат и во наредните денови

-

Најмалку 51 лице загинаа во источните и јужните делови на Шпанија во поплавите предизвикани од обилните дождови, соопштија властите во земјата, а пренесе „Јуроњуз“.

За исчезнати се водат неколку лица, а поплавите ги прекинаа железничките услуги. Неповолните временски услови се очекува да продолжат и во наредните денови.

Воз со речиси 300 луѓе излетал од шините во близина на Малага, а железничките власти во Шпанија соопштија дека нема повредени. Поплавите ги прекинаа и брзите возови меѓу Валенсија и Мадрид, како и другите патнички линии низ погодените региони.

Шпанската државна метеоролошка агенција издаде црвен аларм поради обилните врнежи во Валенсија, каде поплавите предизвикаа уривање на мост.

„Овој вторник е најнеповолниот ден, но обилните врнежи ќе продолжат и во текот на следните денови“, соопштија од агенцијата на социјалната мрежа „Х“.

Шпанија во последните години се соочува слични бури наесен. Како што пишува „Јуроњуз“, благодарение на дождовите, земјата донекаде се опорави од големата суша годинава.

Дел од климатолозите велат дека зголемувањето на екстремните временски настани е предизвикано од климатските промени.

Светските лидери му ја честитаа победата на Доналд Трамп

Светските лидери му ја честитаа победата на идниот претседател Доналд Трамп по победата на претседателските избори во САД, кој наскоро ќе се врати во Белата куќа по четири години. Претседателот...