fbpx

Најмалку 22 лица загинаа, а 59 се повредени во терористички напад во Манчестер

-

Најмалку 22 лица загинаа, меѓу кои и деца, а 59 се повредени во експлозија која се случи на завршување на концертот на пејачката Ариана Гранде во Манчестер, изјави шефот на полицијата Јан Хопкинс.

Според него, полицијата е уверена дека напаѓачот кој ја активирал бомбата загинал во експлозијата и дека само тој го извршил нападот. Тој информираше дека напаѓачот носел импровизирана експлозивна направа и дека истрагата ќе утврди дали бил дел од терористичка мрежа.

Британската премиерка Тереза Меј рече дека инцидентот се третира како терористички напад и ако тоа се потврди, тоа ќе биде најсмртоносниот напад во Велика Британија од 2005 година, кога четворица муслимани во бомбашки напад убија 52 лица во Лондон.

– Работиме на утврдување на сите детали и она што полицијата го третира како терористички напад. Нашите мисли се со жртвите на семејствата на оние кои се повредени во овој инцидент – се вели во соопштението од кабинетот на премиерката.

Улиците околу арената каде што се одржал концертот и понатаму се затворени, а има голем број на полицајци и припадници на антитерористички единици кои и понатаму го пребаруваат теренот.

Полицијата соопштила дека експлозијата се случила око 22.30 часот по локално време во арената каде што се одржувал концертот, а во кој може да собере 21.000 публика.

Сведок кој присуствувал на концертот изјавил дека слушнал голема експлозија додека излегувал од арената, а потоа и врескање и стампедо на луѓе кои се обидувале да ја напуштат зградата.

На видео-снимките се гледа дека посетителите на концертот, претежно млади, врескаат и трчат низ арената, но и родители кои си ги бараат своите деца.

https://www.youtube.com/watch?v=t5qPtKwXu0U

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...