fbpx

Најмалку 20 загинати во невреме и во поплави во Западна Вирџинија

-

Најмалку 20 луѓе, меѓу кои и две деца, ги загубиле животите во поплавите што ја погодија сојузната американска држава Западна Вирџинија, соопштиле официјални државни претставници, јавуваат светските медиуми.

Силното невреме и поплавите предзвикале големи штети низ целата држава, изјавил гувернерот на Западна Вирџинија, Ерл Реј Тамблин.

Вонредна состојба била прогласена во 44 од вкупно 55 региони на државата.

Според медиумите, во тек е операција на спасувачките екипи за извлекување на 500 лица заглавени во трговски центар, а во меѓувреме продолжува потрагата и по други настрадани во опустошените области од поплавите, кои уништиле повеќе од 100 домови и предизвикале прекин на електричната енергија во илјадници други.

Повеќе од 200 припадници на националната гарда на САД се ангажирани во спасувачките операции, соопштил гувернерот Тамблин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...