fbpx

Најголем број нови случаи на заболени од ХИВ во историјата на Европа

-

Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) надлежна за европскиот регион, регистрирала повеќе од 142.000 лица кај кои е дијагностициран ХИВ во 2014 година, што претставува најголем број нови заразени лица за една година досега, од почетокот на нивното евидентирање во 80-тите години. Според најновите податоци на Европскиот центар за превенција и за контрола на болести (ЕЦПКБ) и регионалната канцаларија на СЗО за Европа, епидемијата на ХИВ има најголем размер во источниот дел на регионот, каде бројот на нови дијагностицирани инфекции е зголемен повеќе од двапати, само во последната декада.

Главна причина за пораст на бројките во Источна Европа е пренесувањето по хетеросексуален пат, но голем удел има и инфицирањето преку дроги кои се инјектираат. Во земјите од ЕУ и од Европската економска област (ЕЕО), пак, примарен начин за пренесување  е сексуалниот однос меѓу мажи. Двајца од тројца нови инфицирани со ХИВ се родум од Европа, додека странците, меѓу кои и мигрантите, претставуваат само една третина од нив.

– Оваа година, и покрај сите напори во борбата против ХИВ, во европскиот регион се регистрирани повеќе од 142.000 нови инфекции, што е најголем број на нови заболени воопшто некогаш. Ова претставува сериозен проблем – вели д-р Сузана Јакаб, директор на регионалната канцеларија на СЗО за Европа.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Гласачки ливчиња се фотографирале и во Штип и Сопот

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти за нови случаи во кои се фотографирале гласачки ливчиња во текот на денешното гласање. Во 14 часот било пријавено дека на избирачко место во...