За време на големиот настан „Game Award 2026“ со досега неоткриени трејлери беа најавени најочекуваните „Souls-Like“ видеоигри (Игри по теркот на „DarkSouls“) од кои најголем интерес има за „Phantom Blade Zero“, „Lord of the Fallen 2“, „Mortal Shell 2“ и за разлика од споменатите бесплатната игра „Soulframe“ од девелоперите на „Warframe“.
Phantom Blade Zero
За оваа игра имаме и претходни написи што може да ги прочитате овде. Всушност оваа игра самите девелопери ја окарактеризираат жанровски како „RPG“ со брзореагирачки предизвици со таканаречен „КungfuPunk“ стил на борби и самите не ја окарактеризираат како Souls игра. Оваа игра е духовниот наследник на легендарната „Sekiro“ од „Fromsoft“ кои ја направија и „Elden Ring.“
Исто како што беше случајот каде „Sekiro“ не се рачуна за Souls игра -иако дефинитивно ги има сите механики на класична Souls игра, комбатот беше поагресивен од класично цепкање главни и бегање целовремено, дефлектирањето удари како во Секиро игра огромна улога и во „Phantom Blade Zero“ затоа што црпи побрзо стамина на противници и нуди анимации комбоа во вид на награда за перфектни дефлекти.
Ваквите класификации на играта е токму да не се истераат играчите(особено оние што играат на конзоли) ако се каже дека е „Souls“ игра, но да повеќе е акциона игра -но со „Souls like“ тешкотија иако наменета за „casual“ играчи, секако ветераните нема да ја потценат. Оваа игра се чека долго иако излегувањето првично беше најавено на 9 Септември, датумот за објавување е поместен за 29 октомври 2026.
Lord of the Fallen 2
Иако насловена како втор дел, всушност се работи за трет дел од серијалот „Lords of The Fallen“ за кој имаме претходни написи овде. Првата игра иако постара беше доста игрива, кратка -но сепак не толку лесна за поминување ако не сте испраксирани во „Souls-Like“ жанрот. Втората игра насловена исто како првата иако втор дел просто „Lords of the Fallen“, внесе интересни механики со менување на димензии и полиња на постоење од мрачни и светли околини- така што истите места содржеа различни работи и различни непријатели. Во трејлерот од вториот дел фигурира и музика од металскиот бенд „Danzig“ што може да се види и чуе на следниот линк. Што се однесува до најновиот трејлер -прикажан е паднат Серафим со примеси на изглед на корумпиран Херувим ангел како озлобен непријател што веднаш ги хајпна играчите за играва бидејќи во „Souls Like“ игрите -самите непријатели се гротескни и извитоперени во дизајнот, но доста креативно сработени и тоа е една од главните карактеристики на жанрот. Еве како изгледа гејмплеј од борби („комбат“) во самата новонајавена игра „Lords of the Fallen 2“:
Mortal Shell 2
Иако првиот дел од „Mortal Shell“ беше на бесплатна промоција на „Epic Games“ -беше генерична „Souls-Like“ игра, каде напредокот е доста важен бидејќи вистински добивате на моќност и способности на располагање како прогресирате во играта, до тој степен што при крајот на играта и играње на „Еndgame“ содржините играта станува многу лесна за играње и константно победување.
Во трејлерот за „Mortal Shell 2“ може да се види и употреба на гитара како оружје-во стил на Бард, што е многу интересен концепт и внесени се секакви досега невидени механики за уникатни други оружја кои не фигурираат претходно во повеќето „Souls“ игри. Иако фокусот во жанрот е на првите две споменати игри погоре „Mortal Shell 2“ може да се покаже како навистина добра игра. Во тек е отвореното бета тестирањена играта на кое може да се пријавите уште веднаш на Steam и да ја испробате играта -„Downloadot“ зафаќа точно 55,59 GB простор на компјутер. И на следното видео може да се види како изгледа играта во акција:
Soulframe
И за на крај најдобрата варијанта за нова „Souls Like“ игра што треба да излезе што нема да ве чини воопшто пари, односно ќе биде сосема бесплатна- „Soulframe“ предизвика огромен интерес кога беше првонајавена за што може да прочитате овде. По тестирањата испадна дека играта е недоработена и фидбекот беше лош, но сега е во доста поисполирана состојба и сè уште се работи на неа, а за датумот на објавување е само кажана дека ќе биде „Скоро“. Следното видео прикажува гејмплеј од тестирањата на играта:
Ако имавте потешкотии да разберете одредени термини во овој напис, ви го препорачување следниот Водич за Гејмерски термини каде сите фрази се објаснети детално што значат на македонски јазик.
