Guild Wars 2 е една од најдобрите ММО игри во моментов и иако е со „buy to play“ модел (еднаш се купува и нема месечна претплата), основната верзија на играта е „free to play“. Иако веќе има две експанзии, Heart of Thorns и Path of Fire, само што беше најавена најновата експаnзија, наречена End of Dragons, на која ѝ беше посветен цел Live Stream за новостите:
Експанзијата е предвидено да излезе во февруари 2022 година, но наскоро, в август, ќе почнат и бета-тестирањата на Alliance feature-от за World Vs World. А и постепено ќе излегуваат информации за сите нови елитни специјализации…
Guild Wars 2 беше една од најентузијастички очекуваните игри додека имаше голема популација на Guild Wars 1. Дури со последната експанзија, GWEN беше воведен и систем со награди (скинови за оклопи и оружја, минипетови, титули) за играчите на Guild Wars 1 што се отклучуваа со голем број достигнувања и важеа за Guild Wars 2. Тој систем наречен Hall of Monuments (HOM) е уште активен и за чудо сѐ уште се игра и Guild Wars 1 се тргува во градот Камадан, а играчите се организираат во алијанси каде се групираат за заедничко играње – во моментов најмногу се играат елитни мисии. Токму првата експанзија за Guild Wars 1 наречена Factions беше сместена на истата територија – континентот Cantha каде што ќе биде сместена и End of Dragons експанзијата за Guild Wars 2 – тоа беше континент со фантазиска кинеска и јапонска тематика.
Guild Wars 2 изгледа модерно и графички е многу добро средена, па од нејзиното излегување досега котира меѓу најдобрите 10 ММО-а на сите официјални листи на гејминг-сајтовите.
Една од главните особини на играта што не се зголемува „левел капот” со секоја нова експанзија, максимум левел е 80 и останува 80 во секоја наредна експанзија, за разлика од други игри каде опремата што сте ја стекнале не ви е повеќе корисна, бидејќи има нов левел кап и нова опрема. Во Guild Wars 2, ако сте направиле Ascended Armor, предностите со опремата остануваат и во следната експанзија. Иако левелот скејлира по области, се приметува разликата со добра опрема по самиот демиџ.
Додека вертикалноста на шумата Maguuma во Heart of Thornes внесе новитети како глајдање со крилја, а Path of Fire донесе моунтови во играта, End of Dragons внесува уште повеќе нови работи. Секоја експанзија нуди и нови елитни специјализации, што се најчесто со претходно недостапни оружја за дадените професии. Сега за сега се знаат две нови оружја за професиите, имено мезмерот добива нож а некрото добива пиштол.
Новата експанзија End of Dragons внесува неколку новитети, возење на бродови, риболов не само во Cantha, туку и секаде каде што има вода и во претходните експанзии, мултиплејер Mount – The Siege Turtle (огромна желка што може да носи двајца играчи) и 10 нови легендарни оружја од трета генерација. И најновата експанзија ќе биде и графички надградена, така што наместо DirectX 9 ќе користи DirectX 11. Исто така играта е поддржана и од GeForce Now.