Најавата за најновата „Wu-Tang: Rise of the Deceiver“ видеоигра од девелоперите „Brass Lion Entertainment“, во жанрот на Акциона RPG игра со опција за co-op и во аниме стил.
Играта поттикна огромен интерес поради познатата хип-хоп групата Wu-Tang Clan и нивната музика. Пред оваа игра има уште една постара видеоигра на истата тема насловена „Wu-Tang: Shaolin Style“.
Приказната во играта е сместена во источен фантазиски свет наречен Шаолин Ленд, како симболиката во песните, што се појавува како лебдечки астероид над Њујорк. Членовите на Ву Танг кланот се исчезнати и целта е да ги најдете сите градуално еден по еден во играта што е слеано со развитокот на дејството.
Ликот што ќе го играте во играта има костамизација на самиот почеток, го правите како што вие сакате да изгледа и бирате изглед на фризура според вашиот моден стил. Во трејлерот за играта е кратко прикажана борба каде подот е како шаховска табла како во познатиот спот за песната на Ву Танг The Mystery of Chessboxin’. IGN имаа интервју со девелоперите кои и баш не открија многу за играта во најава:
„Ова е интерактивно културно афро-сурелистичко патување што е изградено на база на нивната митологија и мислам дека успеавме во тоа.“ изјави Рашад Радик од Браслајон Ентертејмент на интервјуто за IGN.
Сето ова е со базично својство новите генерации да обрнат внимание на добра музика направена во минатото и да се реактуелизира музиката на Wu Tang Clan. Во самата игра музиката се менува според вашите дејствија и патувања па дури и на ниво на семплови како што спомна Брајна Даби Смит од Браслајон.
Што се однесува до други обиди на реактуелизација на музиката на Wu Tang на Нетфликс има и вид на биографска серија со повеќе сезони за Ву Танг Кланот.
Убедливо најдобриот нивни албум што досега оставил најголем впечаток и импакт ширум светот е несомнено албумот „Enter the Wu-Tang (36 Chambers)“ кој изобилува со најслушаните нивни хитови и исто така е одличен за PvP soundtrack во позадина додека се игра PvP во игри како World of Warcraft или Guild Wars 2 или и други MMO-a по ваш избор. За сѐ што може да опфаќа една RPG игра како најавената и ако имавте нејасни термини во горенаведеното, овде може да го прочитате нашиот водич за RPG термини.
Иако сѐ уште нема датум за излегување на играта, но Wu-Tang Rise of The Deceiver веќе ја има на Steam и може да ја додате во Wishlist опцијата за директно автоматско потсетување кога ќе излезе играта.