Најавена е следната експанзија за играта World of Warcraft со наслов „Midnight“ и конечно во WoW ќе има вистински систем за домување – куќа со имот за секој играч.

Не во стил на веќе видените гаризони од експанзијата Warlords of Draneor, туку наменски дом во играта што играчите одамна го чекаат. Има и многу други новитети, но би започнале со трејлерот – синематик за најавата на експанзијата што е доста добро сработен во стилот на квалитетни анимации какви што Близард знае добро да испорача.

Интересно е што пред три месеци, пред да излезе овој официјален трејлер од Близард имаше излезено аматерски генерирана анимација со Вештачка Интелигенција со многу сличен сетинг, но други карактери – но повторно со Елфи (High Elves) што бранат Замок (Квел Талас) и за како Силванис Виндранер станува Банши Квин-од други претходни приказни од lore-от на WoW, но овие генерирани анимации за зоните во WoW имаат и доста грешки во наративот.

Според прикажаното Demon Hunter-ите ќе добијат нов трет спек со таленти со космички енергии во следната експанзија и очигледно е дека Рендори – Воид Елфите ќе можат да бидат Демон Хантери бидејќи засега не може да се креира Рендори Demon Hunter. Само Синдореи (Блоделф) и Калдореи (Најтелф) ја имаат таа опција сега за сега од сите можни раси. Еве како ќе изгледа Воид Елф Демон Хантер со новиот спек: 

Со новата експанзија доаѓа и нова раса наречена Харанеи што по изгледот делува како нешто измеѓу орките и најтелфите – со голема сличност и висок степен на имитација на Урук Хаи Орките од филмовите „Господарот на Прстените“. А сите други полно промени се наведени во официјалниот гејмплеј трејлер: 

Целиот сегмент од настанот 2025 Gamescom каде беше најавена експанзијата може да се изгледа сосе коментарите на еден од најпопуларните Јутубери за видео игри моментално: Asmongold. Видеото е со негови издржани коментари затоа што WoW долго време беше тоа што највеќе го има стримано и играно од игри и навистина има детални познавања на играта: 

Ако имавте потешкотии да ги разберете спомнатите термини во овој напис, можете да го консултирате следниот Водич за RPG термини – каде секој збор од гејмерскиот жаргон е детално објаснет што точно значи. 

За тоа кога ќе излезе експанзијата Midnight иако нема конкретен датум најавено е дека ќе биде објавена и Live пред 30 Јуни 2026 год. Има и опција за преднарачка и рекламирано е „легендарното“ -најскапо издание со кое добивате бонуси маунти, минипетови и сет оклоп и можност да ја играте три дена пред официјалното излегување.