Најновата најава за експанзијата наречена „Hidden Mountain“ на играта Where Winds Meet пристигнува на 23 јули.

Најдолго очекуваниот новитет е Користењето на „Fist Weapons“ односно оружја за тупаници со кои изведувате секакви техники со удари со раце и нозе, а движењата и потезите се анимирани според популарни боречки вештини, „Челичните Тупаници“ конечно доаѓаат во играта со следниот голем апдејт заедно со редица нови мини-игри во стилот на  „игра во игра.“

Во глобалната верзија за кинеската бесплатна игра што е светски хит -„Where Winds Meet“ неодамна исто така беше пуштен во функција и системот за миленичина (петови) кој што е најсложен систем за петови од било која претходна ММО видеоигра сличен на „Покемон“ и „Јамагучи“ каде мора редовно да се грижите за благосостојбата на дигитиално животно кое го чувате. Револуционерните работи во играта се многубројни, сега засега има само два вида петови: мачки и гуски (комично гуските се најмоќните и најопасните непријатели во играта), а на голема радост на играчите најавени се и кучиња-но засега во кинеската верзија има додадено само патки, а планот на девелоперите е да има секакви други различни животни кои ви се придружници и ве следат насекаде во случај да сте ја стекнале нивната наклонетост преку низа активности.  

Во најновата експанзија „Hidden Mountain“ што излегува за неколку дена ќе биде имплементирано и борби со петови кои исто така ќе користат сложени билдови и сетови на способности со кои ќе се борите против петови од други играчи. Праќањето на петовите на замислени мисии и задачи со времетраење е карактеристика што прва меѓу ММО-ата ја имаше експанзијата „Warlords of Draneor“ од „World of Warcraft (WoW)“ со „Гаризоните“ кои не се веќе во активна употреба на „WoW“. Овде тоа со мисиите за петови се употребува само еднаш неделно за екстра козметички бонуси. Кога сме кај козметиката во експанзијата ќе има додадени опции за боење и нови аутфити што може да се земат со просто нормално играње на играта. Затоа што во оваа игра изгледот е битен и дел од „ендгејмот“, а општо за важноста на „скиновите“ во игрите може да го прочитате следниов Водич

Друг новитет е возењето чамци и бродови -за што ќе треба да стекнете дозвола за чамец, каде рибарењето во забранети области од бродче и напаѓањето играчи на други бродови се казнува во играта со тоа што ве ловат стражари и ви ја одземаат дозволата без која неможете да пловите башка што ќе треба да отслужите затворска казна. Но се предвидува и играње како пират да биде дел од „Roleplay-от“ на оваа можност. 

Покрај бродовите ќе има и летачки маунтови -односно засега ќе има „Хартиени Змаеви“ со кои ќе може да глајдате од височина, но исто така постои опција да водите змај во воздух додека се движите -а ваш пријател или пријателка соиграч може да е закачена на змајот којшто го летате од земја и буквално да лета. 

Што се однесува до гејм модови наменети за двајца играчи -пристигнува и нов мод на решавање загатки како во познатиот хит игра „It Takes Two“ каде двајца играчи или играчици ќе можат да се смалуваат во магични шуми во минијатурни верзии -додека другиот партнер во играта чисти пат во нормална величина -се очекуваат и многу новитети во тој вид „авантури од соништа“ -а еден од таквите соништа е и со комични суштества како хуманоидни зеленчуци. 

Згора на сите овие нови можности според трејлерот за „Hidden Mountain“ се очекува механиките за загатки и авантури со последователно решавање напуштени механизми во пештери од планината -што беа присутни во одредени „Dungeons“ (Зандани) претходно низ светот највеќе лоцирани во пештери со високи нивоа или ве водеа длабоко под земја со лифтови и скокање- сетоа тоа ќе кулминира во уште покомплицирано решавање проблеми, а наградите секако дека ќе бидат впечатливи -може слободно да се рече дека ќе содржат и есенцијални скилови за најнови идни ефикасни „мета билдови“ за борба. 

Ако имавте потешкотии да ги разберете фразите во текстот погоре може да ги најдете сите значења објаснети детално на Македонски јазик- ако го прочитате следниот Водич за Гејмерски термини.

Што се однесува до многуброjни претходни написи за играта „Where Winds Meet“ може да ги прочитате овде. А детални објаснувања кои поттикнаа доста дискусии за играта каде имам постирано на „Facebook“ групата „Where Winds Meet Global“,-моментално имам постирано буквално 103 поста од кои повеќето и не се така кратки -со супер конструктивен фидбек од други играчи- може да ги прочитате на англиски јазик на следниот линк. Понекогаш сериозните играчи ги третираат игрите што ги играат како „цела една нова наука“. Образложени се сите ефикасни начини на разбирање и правилно прогресирање и играње на играта во вид на убрзан курс полн со сублимирани информации кои ако ги прочитате ќе ви заштедат доста време-што други го посветиле да сублимираат знаење и ефикасности во случајов за бесплатната игра „Where Winds Meet“.