Најавена е најнова верзија на XBOX конзолата, што ќе функционира и како персонален компјутер со Виндоуз оперативен систем и на која ќе може да се играат и игри од Стим и Епик гејмс покрај игрите за конзола, а главна игра со која ќе стартува конзолата ќе биде најновата долгонајвувана верзија на Кол оф дјути (Call of Duty) со ултра-реалистична графика. Според најновите непотврдени информации оваа „Next Gen“ верзија на XBOX ќе излезе во 2026 година, могу пред планираното излегување на PlayStation 6. Но, ова е меч со две острици за XBOX девелоперите затоа што PS6 можеби потоа ќе поддржува уште подобра графика. Иако пред неколку дена двете конзоли беа најавени за 2027 година, оваа најава пријатно ги изненади гејмерите дека најновата технологија ќе биде порано достапна за купување.
XBOX конзолите се под Макрософт кои се врзани со Амазон прајм сервисот за видеоигри. Моментално Амазон прајм го откажа развивањето на долгонајвуваната игра за Господарот на прстените и ги откажа сите други MMORPG (Масивен онлајн мултиплејер) игри на кои работеше и кои ги поддржуваше како New World. Но, најновата Tomb Raider игра е сè уште во изработка.
Од игрите што може да се очекуваат да бидат најиграни на XBOX Next Gen конзолата на прво место секако ќе биде најновата GTA 6 -а фановите на RPG игрите е можно да ја добијат и најновата верзија од Fable серијалот со женски протагонист.
Другите можни нови игри особено од Марвел јунаците се Веном од Спајдермен, потоа најновата Вулверин игра од Икс Мен и играта за Блејд – дневниот шетач ловец на вампири.
