Најавата за најновата Souls игра во развој наиде на скептицизам според прикажаниот трејлер дека играта нема да изгледа баш така. Насловот на играта е La Divina Commedia според книгата „Божествената Комедија“ од Данте Алигиери, која всушност содржи три дела Чистилиште, Пекол и Рај – но светски познатата целина е само Пеколот.
Имам една моја фраза на англиски јазик што ја доловува оваа појава која гласи „Dante – Тhey only know him for Hell of it“ повеќезначна како што е – и воедно тешко преводлива на македонски јазик. Ова е трејлерот за најавата на играта од италијанските девелопери Jyama Games:
Главните негодувања и коментари од гејмерите за трејлерот е што има залепен текст додека трае, дека е вистински извадок од играње на самата игра, скептицизмот веднаш се појави кај гејмерите затоа што главниот јунак не претрпува ниеден удар од чудовиштето и перспективата се менува да заличи повеќе на анимација- „синематик“ одошто на вистинско слеано играње игра.
Во својата книга „Божествената Комедија“ главната премиса е сместувањето на историски и своевремени познати италијански личности од страна на писателот Данте Алигиери во вид на филозофски и општествен коментар и тоа со употреба на хумор и не за џабе е така насловено делото, дека епските размери на религијата (католицизмот во христијанството) се исмеани особено на база на авторитетот и популарноста, затоа што е навистина смешно сместувањето на историски личности во Пеколот или Чистилиштето од икс причини и објаснувањата зошто се таму заробени нивните души.

Во српските и хрватските изданија на стрипот „Алан Форд“ во деловите и сегментите на „Приче Броја Један“ каде ликот на „Број Један“ кој е демек толку стар што кога веќе бил остарен среќавал историски личности кои ги надитрува во скемови да се дојде до пари, позиција и моќ. Но во делот посветен на Данте Алигиери најдобриот виц е како заедно со писателот изнудуваат мито од тогашните италијански големци за во книгата што ја пишува Данте да бидат сместени во Рајот. Ова е секако само пародија. Иако овие сегменти наречени „Приче Броја Један“ беа дел од поинаку насловени стрипови посебни броеви на стриповите „Алан Форд“- но во релативно поскорешни изданија споени се во цел серијал со по комбинирање на две или три историски или фоклорни личности од целиот свет во секој број од сублиматите во специјални изданија.
Друга референца е секако ликот на Данте од Devil May Cry серијалот на игри, нешто што сите гејмери го знаат, но вреди да се спомне.

Во трејлерот од играта La Divina Commedia главниот лик што најверојатно е мрачна персонификација на писателот Данте Алигиери има зашиена уста, лузна на образот и едно слепо око- што е симболика за ускратена слобода на изразувањето, особено писмено и „ослепување на пошироки гледишта“.
Самата игра во развој La Divina Commedia изгледа дека изобилува со кул движења и удари со вртење и скокови, досега не толку присутни во ваков размер како што е прикажано на трејлерот во Souls игрите- додека се борите со секакви чудовишта во пеколот и не се очекува да има хумористични делови поради стилот на Souls Игрите кој е мрачен, гротескен и смрттно-сериозен. Секако останува времето да покаже каква ќе биде играта, но се чини како и сите Souls игри да нема директна приказна, туку да „ја закрпувате приказната“ истражувајќи го дадениот свет за пораки и записи на предмети, места и оклопи и оружја.
За играта на Steam веќе е овозможена Wishlist опцијата која ако ја штиклирате ќе добивате редовни известувања за апдејти, новости и развој на La Divina Commedia – а датумот за излегување на играта сè уште не е одреден.
