Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Според приказната вие сте ловец на чудовишта, и може да детектирате кој е на пример врколак со специјални проверки и анализи. Целта е да ги истребите чудовиштата и нивните злобни водачи.

Silver Palace скриншот од YouTube
Фото: Silver Palace скриншот од YouTube

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact и играта Honkai: Star Rail, но ветува многу подобра графика и гејмплеј.

Во светот на 3D аниме игрите Genshin Impact е повеќе наменета за помладата публика, игра за која имаме и претходни написи, додека Honkai: Star Rail е за повозрасната публика. Целта на овие игри првично беше да се направи игра која ќе изгледа на слеано аниме до тој степен што ќе направи имерсија како да сте во Аниме -(анимиран јапонски филм) додека играте.

Приказните се толку слоевити и разгранети, со многу ликови и дијалози баш како и аниме сериите кои се познати по оригиналноста во раскажувањето. Дополнително се познати по издржаното правење комплексни приказни и серијали. 

Играта првично потсетува и на популарната „Assassin’s Creed Syndicate“ поради тоа што дејството се случува во Британија, и има механики како „Grappling Hooк“ и „Glide“ моменти.

Коњот што го користите во играта личи на кристален пегаз, и додека го јавате има можност при кочење со коњот буквално да се дрифта. На стримот на јутуберот „Asmongold“ каде го коментира ова видео заедно со фановите го нарекоа ова „Unicorn Tokyo Drift“ како референца од филмот Fast and the Furious: Токуо Drift. Исто така на истиот стрим беше забележано дека не се троши „стамина“ во играва додека летате над огромниот град, во борбите исто така.

Што се однесува до борбите не се „Turn-Based“ туку акциони и во „Real time“ само кога правите финишери се друго застанува додека не помине анимацијата. За жал светлосните ефекти во борбите се претерани исто како случајот на Honkai каде комбатат е многу осветлен што може да пречи на лица кои се фотосензитивни и подложни на епилептични напади. 

Според приказната вие сте ловец на чудовишта, и може да детектирате кој е на пример врколак со специјални проверки и анализи. Целта е да ги истребите чудовиштата и нивните злобни водачи. Играта е single player и нема да има PvP во неа.

Иако е се уште во развој оваа игра веднаш предизвика огромен интерес во “Pre-Alpha” фазата на развој. Се уште нема датум кога ќе излезе играта, но несомнено е дека веќе високо се рангира како една од најочекуваните во иднина за гејмерите и гејмерките од цел свет.