Во играта Tides of Annihilation се работи за „Артуријанска приказна“ што се одвива во футуристички дистописки Лондон каде женскиот протагонист Гвендолин е соочена со „напаѓачи од друг свет“.
Тие наликуваат на чудовишта и во мисијата да ја спаси својата сестра наоѓа начин да ги контролира духовите на „Витезите на Тркалезната Маса“ кои функционираат како хуманоиднинте самони од Елден Ринг.
Се борат покрај вас како повикани духови на херои од времето на крал Артур, но со нова естетика карактеристична за Souls игрите. Исто така фигурираат и типични елементи од RPG игрите. Главната мисија во играта е херојски да го спасите и обновите разрушениот свет.
Концептот и локацијата во оваа игра потсетуваат на своевремено ултра популарната игра „Hellgate: London“ што беше направена од девелопери што претходно имаа работено на Диабло игрите: Diablo 1 и Diablo 2: Lords of Destruction.
Сличностите за концептот и референците од Hellgate: London се очигледни дури и порталите од кои навираат чудовишта е елемент во Tides of Annihilation.
Hellgate: London првично се играше на оригиналните сервери онлајн, па по банкротот на Flagship Studios полека замре за да се појави повторно апдејтирана на бесплатни Корејски сервери каде траеше повторно со години сѐ додека не се прекина одржувањето на вебсајтот и сервисот од играта.
Во иднина се очекува ре-оживување на Hellgate: London во најнова верзија, засега само има новонаправен трејлер од пред 4 години. Бидејќи Tides of Annihilation e веќе некое време во развој има и снимки од гејмплеј на играта во претходни фази, кои несомнено ќе се подобрат во финалната верзија.
Самата игра Tides of Annihilation има менување на перспектива од трето лице во платформска игра, што е гејмплеј превземен од Ниер Аутомата серијалот. Исто така има и огромни џиновски босеви непријатели колку цели високи згради како во God of War серијалот.
Но и борби како во Devil May Cry особено со карактеристиката на скокање, лебдење и правење повеќе удари додека сте во воздух. Графиката во играта е врвно сработена токму со квалитет каков што треба да има најнова игра со користење нова технологија за повеќе фрејмови и исполираност:
Играта се изработува од студиото Eclipse Glow Games во кое има инвестирано Tencent и моментално се развива за играње на повеќе платформи за конзоли и компјутери без најава кога ќе излезе, но веќе може да се додаде во Wishlist на Steam за понатамошни вести и известувања.
