Видеоиграта FPS Quest е пародија на игрите со пукање со огнени оружја што се играат со еден играч, но и оние што се играат мрежно преку интернет. Се работи за инвентивна игра за појавата во гејмингот кога некоја игра е премногу тешка и се ставаат шифри за God Mode и додатни cheat опции со цел повеќе да се ужива во играта и да се заврши полесно до крај.
Исто така овде вашето здравје (Health) е Фрејмрејтот односно FPS (Frames Per Second исто така и скратеница за First Person Shooter) мерачот што мери колку брзо и квалитетно компјутерот процесира игра што многу играчи во опциите го оставаат како видлив мерач со бројки во самите игри. Овој фактор е особено важен за response time и колку брзо реагира самиот компјутер на вашите рефлекси во мрежни игри со пукање. Всушност и самиот трејлер за играта доста го објаснува концептот.
Играта FPS Quest е вид на критика на мрежните игри но и со носталгична нота на некогашните игри со пукање. Иако во ерата на Commodore 64 прва FPS игра беше Wolfenstein најмаркантен беше Doom серијалот како основоположник на овој жанр, потоа дојде ерата на играње игри на локална мрежа и играчници каде најигран беше Quake серијалот и во меѓувреме излезе и хумористичната пародија Duke Nukem, се додека не се појави првата Counter Strike игра – најпопуларен серијал и до ден денес, што всушност се разви од модирање на играта Half-Life.
Следната фаза беше играње на Lan мрежи со Акцес Поинти и Локални мрежи од дома, покрај маалските играчници каде најиграната игра беше Unreal Tournament, а од FPS Single Player игрите и серијалот Soldier of Fortune привлече големо внимание-како и поновите верзии на Wolfenstein каде се борите против нацисти. Но борбата против терористи во игрите се рефлектира во продолженијата на “Кантерстрајк” кои се популарни и денес (Counter Strike 2), а доста големо внимание моментално има серијалот Call of Duty каде од голема важност се скиновите што се продаваат во играта поради овој концепт.
Играта во најава FPS Quest ги пародира сите овие игри -но има шмек на spin off-от на Doom игрите наречен Heretic каде во средновековен магичен фантазиски свет се борите со пушки и пиштоли против чудовишта. Зборот Quest означува задача/ потрага на херој во RPG игра, но сето тоа е искомибинарано со носталгија за доживувањата на гејмерите.
Толкму кога некоја игра ве тригирала да “ставите шифри” што најчесто се правеше или со програмче Trainer или со менување на скриптата на *.exe фајлот со додавање команди за бесмртност опција наречена God Mode, одење низ ѕидови -опција наречена No Clip или летање низ стазата без препреки наместо чекорење низ ходници, како и шифрите за бесконечно муниција Infinite Ammo и да ги имате сите оружја достапни во играта веднаш All Weapons. Овие комади овозможуваа посебен вид на уживање во FPS Single Player игрите -во првите декади од гејмингот воопшто -времето кога игрите под default беа иницијално драстично потешки за играње од поновите игри што грото се произведуваат денес. Затоа и има голем фактор на навраќање на ретро игри.
FPS Quest ги употребува сите овие Cheat опции, но вади нови механики од самите опции, каде експлотирањето на багови е начин на играње на играта. Додека избегнувањето и блокирањето удари во RPG Игрите е клучно, во FPS игрите е клучно Strafe-ањето односно движење напред додека се шалта лево и десно со ликот -а со маусот мора да се држи нишанот на средина и да се совлада финесата да им пукате на противниците во глава -Headshot додека се движите -дека така ги убивате побрзо одошто со пукање во торзо или нозе. Сепак во FPS Quest се испародирани сите моменти и од минатото – вклучувајќи го и моментот кога играта ќе засецка или закочи или плави екрани кога ќе “крашне Windows” во сред игра -но со бајаги комичен twist. Исто така и намалувањето на графиката за зголемување FPS го пародира фактот дека повеќето играчи низ светот немаа доволно јаки компјутери за самите игри па намалуваа на графика, фактор што и ден денес е во оптег ширум светот.
Самата игра се базира на испомешаност на сите овие споменати опции погоре и се очекува да биде доста забавна и смешна особено за повозрасните гејмери -кои сите овие концепти и историјати на развитокот на пукачки игри им се доста познати дека растеле со нив. Иако таргет групата не се само тие туку и новите генерации.
Уште сега може да се додаде самата игра на Steam во Wishlist, но нема конкретен датум за тоа кога ќе излезе играта FPS Quest -само е речено дека ќе биде тоа „Скоро“. Сепак самата игра е оригинално освежување во смисла на смислување на сосема супер концепт за видеоигра воопшто, што може да инспирира и други вакви инвентивни пародични игри и во иднина.
