Екстравагантната новонајавена игра со пирати Sea of Remnants e направена од кинескиот гејминг когломерат Нетиз што има разигран хумор како во серијалот The Monkey Island, пловење со брод подобро од Black Flag која Ubisoft ја рециклира со римејк, сличен вајб како Skull and Bones, загатки како во Tomb Raider и атмосфера како серијалот Twinsen’s Odyssey. Ликовите за Луѓето се изделкани од дрво како кукли -референца за Пинокио и во подконтекст за роботика со нова човечка душа. Сето ова во нов колоритен свет исполнет со многу акција. Играта е Open World RPG што ќе биде бесплатна. Ова е првиот глобален трејлер за играта Sea of Remnants: 

 

 

Што се однесува до стилот на играта ова е нешто сосема ново истовремено допадливо и за возрасните и помладите гејмери затоа што самата игра содржи толку многу опции и воедно е пародија на сите претходни игри со пирати. Еве добро видео за гејмлејот на играта што го илустрира ова : 

 

 

Дизајнот на ликовите е малку гротескен но страшно креативен и има и рокерска и хеви-метал естетика. Знаците на лицата на ликовите се референца за тетовирање карактеристично за пиратите. Иако за естетиката на лошите ликови има и подражавање на серијалот филмови за пирати Pirates of the Caribbean, чудовишните непријатели се доста инвентивно сработени со што и самата игра добива сосема нова естетика и концепт во видеоигрите со пирати. Еве како изгледа директното играње на самата игра: 

https://www.youtube.com/watch?v=t2BKY6qEO90

 

Нетиз во последно време експлодира со креативни игри па макар и ги реобработиле постарите содржини за светски пазар -со механики и елементи што претходно ги немало во одреден тип на игри и бранши од типови на игри, во случајов игра за пирати. Најдобар скорешен пример за успешна азиска игра што драстично брзо го освои светот е секако популарната Where Winds Meet игра за која имаме посебен напис на следниот линк

Sea of Remnants изобилува и со доста голем број хумористични содржини, но и новопојавени идеи во RPG жанрот воопшто, жарн на игри за кои можете да најдете објаснувања на термини и фрази во следниов Водич за термини во RPG игри, хумористичните елементи конкретно за играта што е тема се најдобро прикажани со следното видео: 

 

Датумот за излегување на играта Sea of Remnants е сеуште неодреден, но е генерално најавена за оваа година 2026 за глобалниот пазар. Несомнено ќе привлече огромно влијание кога ќе биде објавена, бидејќи се работи за бепсплатна игра, што во секој случај ќе биде добродојдено искуство за гејмерите и гејмерките ширум светот.