„Golden Axe“ беше светски хит кога излезе како флиперска игра уште во деведесетите, убедливо една од најиграните и игра што беше тешка да се заврши до крај. Се работи за фантазиска игра на трио од варварин, џуџе и девојка воин кои се борат против злобни непријатели.
Играта никогаш досега немаше соодветна модерна верзија бидејќи помодерните римејкови не беа ни толку популарни, но наместо тоа сега добива најавен хумористичен долгометражен цртан филм во кој сè се одвива како во видеоигра и се исмеани концептите на гејмингот, ова е трејелерот за најаваниот цртан:
Еве како изгледаше „Golden Axe“ своевремено во првичната верзија:
Самата игра „Golden Axe“ своевремено беше една од најпривлечните дека имаше за свое време одлична анимираност, бројни начини на борење и секако флиперски скратеници кои децата ги учеа како таканаречни „цаки“ во играта за подобро и побрзо да се победи непријател. Затоа што на пример имаше непријатели кои полесно се победуваа ако јавате змеј што блуе оган, кој треба да го јавнете на пола стаза и сочувате до стигнувањето пред босот, стратегијата за улетување и удар за џуџињата кои даваа напитоци кога ќе ги удрите беше најдобар начин да земете највеќе бонуси и така натаму.
Факт е дека некои од флиперските игри додека беа играни, децата математички и стратешки ги планира самите пристапи и акции што инволвираа и злоупотреба на багови на игрите -што воопшто не им беше на грижа на совест дека за секое играње со 2 или 3 животи мораа да дадат пари за флиперски жетон. Иако на светско ниво излегоа флиперски верзии како „Golden Axe 2 (Genesis)“ и „Golden Axe: The Revenge of Death Adder“ – своевремено некако никогаш не пристигнаа во флиперниците во Македонија. Но првичната игра „Golden Axe“ од 1989 година котираше секогаш високо меѓу секогаш добродојдени и најиграни игри на флипери долги години и по иницијалната популарност.
Иако има повеќе последователни продолженија на играта што изгледаа сè помодерно и подобро преку годините, овие верзии никако не ги затекна светска слава или внимание иако сите изгледаа доста поквалитетно од претходните делови, најновото гејминг портретирање од овој сетинг е во 2008 година со насловот „Golden Axe: Beast Rider“, кое за жал не беше пречекано со којзнае каков интерес кај гејмерите:
Околу филозофијата и иницијалната порака од првичната игра: Иако „Златната Секира“ е главен предмет на моќ во играта -во реалноста златна секира е непрактична затоа што златото иако е метал е премногу меко за од него да се прават ефикасни сечива, а варваринот во играта што личи на ликот „Конан“ е крстен „Axe“ односно „Секира“ и според „Загатката на Челикот“ во филмот „Конан“ кој излезе непосредно во ист период,(тема на која исто така ќе има анимирана серија за што може да прочитате овде) волјата „против злото“, карактерот, самоконтролата и силата „да се прави вистинската работа“ е „Златната Секира“ и ултимативната награда, да се живее живот каде да се испадне доблесен во секоја ситуација е приоритет и етички кодекс на секој херој или хероина во игрите- и во животот. Што е позитивна порака и за тинејџери и за деца во развој. Иако цртаниот филм содржи и крвави сцени и е генерално наменет за повозрасна публика поради носталгија за играта.
Следното видео е добра споредба како сцени од првичните аркадни игри се земени за да се склопи и анимира горенаведениот трејлер за цртаниот филм „Golden Axe“ што треба да излезе:
И за крај најдобрата информација е дека постои бесплатен „емулатор за флиперски игри“ наречен „mame32“ на кој може да ја играте првата легендарна „Golden Axe“ игра -дури и со двајца играчи на една тастатура. Сè што се прави е се симнува емулаторот и игрите се со наставка на “Rom“ фајлови што ги симнувате посебно и ги ставате во „Rom фолдерот“ и играте – така што ова е начин и да ги преиграте омилените флиперски игри и на компјутер. Додека самиот анимиран филм на тема „Golden Axe“ се очекува да биде многу популарен и на светско ниво а особено кај гејмерите што најдобро ќе го сфатат самиот хумор поврзан и општо со „D&D“(Dungeons & Dragons) и RPG видеоигри кој изгледа дека ќе биде многу присутен во анимираниот филм. По главната најава излезе и видео што ги претставува карактерите во анимираниот филм што следи:
