Најавен настанот Глобал Гејм Џем Македонија 2023

МАГДА Global Game Jam Macedonia 2023
Македонска асоцијација за развивање игри - МАГДА

Македонската асоцијација за развивање игри МАГДА го најави настанот Глобал Гејм Џем Македонија 2023. Станува збор за настан каде млади учесници се натпреваруваат во брзо дизајнирање, креирање и развивање на видео игри. Глобал Гејм Џем Македонија ќе се одржи по 11 пат, а пријавувањето е веќе во тек.

Овој настан ќе се одржи од 3 до 5 февруари на ФИНКИ, во истите бараки каде и претходно се одржуваа вакви настани и, како што пишува познатиот актер и гејмер Гораст Цветковски, еден од основачите на МАГДА, на локација на која веќе се изработени преку 70 игри низ годиниве. 

Пријавувањето за настанот можете да го направите на овој линк.

Постои и можност за плаќање на влезници за настанот, но плаќањето не е задолжително, а симболичната цена за влезницата изнесува 350 денари. Како што велат од МАГДА, на ова треба да се гледа како донација за поддршка. Оние кои можат и сакаат да извршат уплата, истото можат да го направат на самиот настан.

Пренос од Глобал Гејм Џем Македонија 2023 ќе биде овозможен и на Интернет.