fbpx

Најавен бојкот на наставата во училиштето „Браќа Миладиновци“ во Струга

-

Учениците од најголемото основно училиште во Струга, „Браќа Миладиновци“, од четврток ќе ја бојкотираат наставата затоа што немаат струја од почетокот на новата учебна година.

На денешната седница на Советот на родители е договорено в четврток и в петок да се бојкотира само првиот час, додека од понеделник да има целосен бојкот на наставата во ова училиште. Исто така, од денеска часовите се одвиваат и со скратено време.

Долгот за струја на струшките основни училишта е поголем од еден милион евра. Во моментот седум од 11 основни училишта немаат електрична енергија.

Во меѓувреме, струшкиот градоначалник, Зијадин Села, изјави дека Општина Струга е подготвена да го плати долгот за електрична енергија во струшките основни училишта ако ЕВН овозможи плаќање на рати.

Општината минатата година го презеде плаќањето на долгот за електрична енергија од околу 6.300.000 денари во струшките основни училишта заклучно со ноември. Тој долг, според Села, редовно се плаќа на рати.

– Во меѓувреме, поради блокираните сметки на училиштата, се наталожи нов долг за електрична енергија. Подготвени сме да го преземеме и овој долг за електрична енергија од два милиони денари, но и сите долгови што ќе се направат во меѓувреме во образованието за да не играме политика со децата. Ако ЕВН и кој било друг не сака да слушне за ова и ако сака да има бојкот во образованието во Струга, ќе има, и јас ќе го поддржам – вели Села.

На денешната прес-конференција, струшкиот градоначалник обвини дека исклучувањето на струјата во училишта во општината и неможноста да се плати долгот на рати е хајка на владејачката коалиција на ВМРО- ДПМНЕ и на ДУИ заедно со ЕВН против Општина Струга.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...