Ananta е нова игра во најава што содржи многу елементи од најпознати игри во производство на девелоперите Naked Rain и продуцирана од NetEase. Се работи за азиска фирма и само што беше покриена и поддржана од Сони.

Оригинално пред да се нарече играта Ananta беше „Project Mugen“ па само „Mugen“ добро познат наслов на луѓето што сакаат аниме игри. Играта се здоби со илјадници позитивни реакции ширум светот дека преголем број западни јутубери коментираа како играта е неоригинална затоа што има тотално исти елементи како најпознати игри. 

Играта Ananta има елементи од Спајдермен со лијани низ градот, а лијаните се слични на ирастоците на Веном, тркање со коли, атмосфера и менување карактер како во GTA 5.

Дополнително сцени со влечење за кола како од Анчартед серијалот, борби со комбат систем за борби со боречки вештини сличен како во Бетмен Аркам Серијалот, Јакуза серијалот и Слипинг Догс.

Друга сличност е пак од играта Вач Догс дека има пајак робот со камери на далечинско за шпиунирање и исто така светот градот повремено потсетува и на Cyberpunk 2077 во помека, аниме колоритна светла варијанта, но и има и пресексуализирани женски ликови како обично што е во анимеата.

 

Целиот овој микс од различни игри го потегна прашањето за неоригиналноста на играта, додека во светот на игрите односно гејминг индустријата веќе има толку многу игри што се копираат едни со други што комбинаториките станаа начин за правење на поновите игри.

На пример World of Warcraft толку има „позајмено“ од други MMORPG и RP игри, но не e никогаш сериозно „под лупа“ за тоа – под изговорот дека е пародија, па може да употребува референци – Дека е американска игра.

Но кога азиска фирма го прави тоа – тоа е проблем, дека со тоа се загрозува западниот пазар. Особено затоа што Ananta направи нешто незамисливо во смисла дека извади карактеристики што се’ уште се чекаат и се најавени да излезат во најновите изданија на гореспоменатите серијали на игри со кои има сличности. А сите интересни елементи се внесени со тотално исти анимации со размер еден према еден како во другите игри.

Јутуберот Асмонголд имаше видео со негови реакции за оваа игра и увид во играта пратен и платен од девелоперите, што го емитуваше уште пред девет месеци.

Деновиве интернетот вриеше со еден куп на негативни коментари за Ananta, но некако откако Сони застана во заштита на играта, одеднаш и западните јутубери и покрај тоа што им смета дека е азиска игра почнаа да ја фалат како забавна и најочекуваниот следен хит во гејминг индустријата.

Ananta првично имаше пробна верзија што зафаќаше преку 200 GB, но по обработките би требало да зафаќа измеѓу 50 GB до 100 GB за инсталирање на ПЦ.

За повеќе информации и тековни измени на играта може да го погледнете следното подолго видео во кое се најавени и мултиплејер опции, нов женски главен лик, можен период за датум за излегување на западниот пазар и ред други детектирани промени на самата игра Ananta.

Регистрирањето за играта може да се направи на главниот вебсајт на Ananta.