Најавата за Assassin’s Creed Infinity предизвика бран од шпекулации кај гејмерите за тоа што точно ќе биде

Фото: Ubisoft

Иако досега излегуваше нова Асасинс крид игра на секои година-две, сега компанијата Ubisoft го менува моделот. Со најавата на Асасинс крид инфинити оттаму најaвуваат голема платфома што се претпоставува дека ќе функционира слично на онлајн мултиплејерот на GTA 5 и ќе има сезони и карактери како моделот на Фортнајт. 

Поради тоа за неполна недела јутуберите-гејмери почнаа да развиваат свои шпекулации за следниот проект. Иако во самата најава пишува само дека се работи на голем проект во кој се здружуваат двете студија Убисофт Монтреал и Убисофт Квебек и е напоменато дека играта ќе биде развивана во RPG жанрот, а како позадина ги има игрите со акција и авантура-со нагласенот дека последните три игри Ориџинс, Одисеја и Валхала имаат поголем акцент на акцијата од претходните делови.

Но, Асасинс крид игрите секогаш имале и голем фокус на приказната и гејмерите не знаат дали следниот проект ќе биде во форма на ММО (Масив мултиплејер онлајн) или пак ќе има платформа какво што е Абстерго менито во игрите и баш поради тоа што ќе треба фокус на приказната не знаат како би се вклопило PvP-то.

Но, тоа доволно добро го прават и ММО-оата. Досега најкреативно PvP имаше Асасинс крид 3 што беше мешавина од PvP и PvE. А во Асасинс крид јунити беше воведено и Co-op да можат пријатели заедно да играат мисии, но со сите проблеми што ги имаше Јунити со багови и слично тој дел од играта беше занемарен и неуспешен. 

За Асасинс крид инфинити се претпоставува дека ќе биде како една голема платформа на која ќе се игра на различни теми со различни историски периоди што ќе се менуваат како сезони и дека ќе бидат преставени и постари и сосема нови ликови со кои би се играло. Гледајќи ги претходните игри би требало да има и микротрансакции но не се знае дали Инфинити ќе биде бесплатна или платежна.

Сепак се работи за проект за кој ќе требаат неколку години да се реализира така што ќе почекаме за да дознаеме повеќе.